Абе Фаланга просто се чудам како можи да ти идат вакви идеи, а сеуште да те немаат откриено оние од NASA
Се реши проблемот со замаглувањето. Претпоставувам и кај авторот на темата е истиот проблем.
Кај мене беше заглавено моторчето што ги контролира клапните за довод на свеж воздух во колата. Цело време беше во положба на циркулација на внатрешниот воздух.
Извади ги бришачите, заштитната пластика и гумата под хаубата и решетката лево под шофершајбната гледано кон колата. Ќе ја видиш клапната во која положба ти е заглавена. Сигурно ќе е затворена. Решение: или стави дистанцер и блокирај ја клапната во положба влез на свеж воздух или отвори го моторчето и стегни ги контактите (четкиците) што допираат на роторот. Јас го решив проблемот на вториот начин бидејќи моторчето те тргнуваше те заглавуваше. И следно барај нов или здрав половен.
Алкохолот нема да ти помогни за замаглувањето !!!