Стварно и јас разбрав по Гугл ама слабо да најдам информации за истиов проблем.
Бидејќи моторчето го имаш извадено надвор, ако најдеш добар електричар да го провери и да установи дека е во ред.
Наредно, ако успееш да најдеш шема (или специјалист за електроника на Опел) да покаже кое е рељето или прекидачот кој ја пушта струјата на моторчето да работи, моја претпоставка тоа е проблемот.
Ако ти скурчи од пролемов, остави го без моторче и само отвори ја клапната да имаш свеж воздух постојано.
Знаеш како викаат, лекот е пет пари ама да го најдеш... Мислам дека со ептен ефтино ќе пројдеш да го поправиш АКО некој успее да го лоцира рељето или проблемот ако е во нешто друго...
Можам да претпоставам колку те нервира ова.
Моторчето е во ред. Проверено, отворено од електроничар.
Така и ми кажаа, релето дека е проблемот. Само кој да го најде каде е. Санирано е со клапната, ја застанав, не ми маглат џамовите веќе.
Не да ме нервира, немаш појма. Колата е релативно уште нова за вакви несекојдневни дефекти. 4.5 години.
Diesel, aко ти е некаква утеха не си сам во она што го рече - опел никогаш повеќе. Јас само ќе речам опел дизел никогаш повеќе. Но, за оваа наша одлука во голема мера сме малку и сами криви што не сме се обратиле во право време кај прав мајстор и кога купуваме половно возило тоа е "мачка во вреќа". Оди кај маршер и едноставно препушти му ја цела кола да ја провери и да ја среди, Вервај, ова ти е најевтината опција. За делот што го бараш сврти еден број 075880939 Горан. Овој е од Прилеп и се занимава исклучиво со опел и скоро секогаш има растурени опели но претежно Астра Г или Вектра... Сепак јави се и прашај.
Имено. Само, единствена разлика е што мојата кола е купена од салон, пред 4.5 години, прв и едниствен газда сум јас. Ја чувам повеќе од очите. Ама, и тоа не е доволно добро. Секако, гледам дека marsher е речиси најдобра опција за санирање на овој дефект, ама дали не ја видел темава.. Сервисирана е во овластен сервис 3 години, последниот само го правев надвор од овластен сервис, ама нема никаква врска тоа со пробелмов.
Фала ти за бројот, ќе се обидам.
Tuka treba da se bara problemot . Kaj nas narodot koga ke kupi kola se ponasa kako da ja kupil od salon,ni ulje ne saka da smeni,i posle ova ne cinelo,ona ne cinelo.
Купена е од салон. Чувана е како никоја друга кола досега. Повеќето постари членови ја знаат колата од друг форум, и знаат дека е чувана. За себе не се грижам толку како за колата. И на крај, нон стоп нешто не е во ред со неа.
@diesel druze skapo e no da znaes imas del i "del". vo ovlasten servis barem si kupuvas original. Ako 10000 denari se mnogu sto i se realno togas dali ne razmislis da se rasetas po avto otpadi i da si vidis na lice mesto.
iznenaden sum zasto i kaj eden komsija ima slicen problem, baska i parnoto ne mu raboti (kolata e frizider).
Се согласувам потполно со тебе. Но, не со овластениве сервиси по МК. Во Грција, во овластен сервис на Опел, истиов дел чини речиси 2.000 помалку, но и тоа е премногу. Не велам дека не би го купил и да го платам толку, но не сум сигурен дека е во моторчето проблемот. Тоа си работи. По отпади сеуште нема хаварисана Класик 2, барем јас не сум нашол.
јас би го отворил и би видел што е скршено или изместено внатре.ако нема скршени запци има исместени механизми.
ако несакаш да чепкаш тогаш сајла ти е наједноставен метод.
ако и тоа не сакаш,побарај од хаварисана астра класик 2 да купиш таков дел,посети го тетово.
ако несакаш да ти врти=зуи цело време стави мал додатен прекидач како тастерче 0/1, да ја икслучува струјата до делот.
и кога ќе е отворено да не зуи,исклучуваш на тастер(довод на струја),кога сакаш да затвориш довод пушташ тастер(довод на струја),стискаш копче(наменско) од шал табла и после тоа пак затвараш на тастер.
пробај вака како последното што ти го кажав може ќе успееш.
Отворено е, се е во ред - нема ништо скршено. Сајла - никако, подобро ќе возам вака нефункционално, отколку да експериментирам. Уште повеќе да му пуштам директна струја - не.
Фала ви на сите, ќе се прави нешто, ама кога, како и колку ќе чини..
п.с. препорака за некој добар електичар, или уште подобро, специјалист за Опел..?