Автор Тема: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp  (Прочитано 18126 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #15 на: 03 Мај 2011, 11:51:57 am »
@velestrumf, колку за споредба, МiTO во Англија стартува од 10 975 фунти односно  12 292 евра. Конкретно се работи за моделот 1.4 16V 95BHP Turismo кој Аутомобиле не го ни носи на нашиот пазар. За споредба Аутомобиле СК за 1.4 со 75 кс бара 15 000 евра. Е сега доколку се донесе 1.4 16V 95BHP Turismo и се понуди за сума од 12 292 тешко дека некој ќе му одолее. 


А сега да се вратам на темата, еве како неАлфиста гледа на Џулиета после првиот конктакт со неа. ;D


Цитат: ZULU Golf 6 1.6 TDI
Денес бев во салонот на Алфа за да ја разгледам новата Џулиета, онака од чиста љубопитност. Најмногу ме интересираше внатрешноста бидејќи надворешноста благодарејќи на еден комшија кој пред некое време ја купи, ја изанализирав ни јас не знам колку пати, а за дизајнот немам зборови - рака на срце оваа што е у маало е бела и барем според мене што и да пројде покрај неа на улица изгледа во најмала рака смешно (мислам на компакт класа а богами и пошироко).
Е сега наинтересното е што дечково у салон ме прашува дали сакам пробно возење ??? какво ли само прашање, нормално треба да си луд да кажеш не неќам.
Зимам ја возачката, а кога ми рече дека ќе ја возам и кај обиколницата се вратив у кола да го земам и картончето со мојата крвна група - за секој случај сепак станува збор за Алфа. Е добро сега тест возилото не беше со ѕверските 170 или 140 кс под хауба, имено тест возилото беше со 1.4 16v TB и “скромни“ 120 кс.
Рутата беше од салонот па накај Ѓорче, па на обиколницата, искључување кај патот за Приштина и по магистралата назад у салон.
Значи колава ја испробав во сите можни услови - од типична градска вожња, па се до 200 км/h по обиколницата. Притоа впечатоците се скромно кажано ОДЛИЧНИ. Ме изненади еластичноста на моторот, на пример у 4-та го спуштам на безмалку 30 км/h стискам педала и без никаков проблем повлекува без “з“ од закашлување (бесполезно е после ова да објаснувам како се понашаше у 3-та или 2-ра брзина). Понатаму за прв пат возам кола со стоп-старт систем (кои можеш и да го исклучиш) и стварно ме воодушеви, застануваш на семафор, мењач у лер, пушташ кумплуг и си се гаси - се укључуе зелено стискаш кумплуг си се пали - мерак. Значи за возење низ град кратко и јасно ПРФЕКТНО (мал проблем ми правеше при тргнување Hill Holder со се се што иде со него како Brake assistant, итн ....што исто така за мене беше сефте искуство-ама се е навика).
Е сега најубавото обиколницата, кој проаѓал тука знае дека кога се вклучуваш на неа има нагорнина и онака намерно ја спуштив у 3-та на негде 20км/h пред да се вклучам на обиколницата која исто така во првите стотина метри откога ќе се вклучиш има блага угорнина, а сето тоа со една цел да видам како ќе се понаша овој 1.4 со своите “скромни“ 120кс. И што да кажам освен “експлозија“ од сила (имајќи ја во предвид коњажата), влече ко лудо, па ко за беља пред мене се појави едно Ауди А4 2.0 ТДИ кои исто така здраво го шибаше, му реков на типов само извини, ама ја ова мора да го поминам, намести тој на еден прекидач некој мод спортска суспензија или нешто слично... и за кратко 200 км/h, а и да не заборавам тогаш приметив дека Алфава имала и ретровизор, чисто само за да го ѕирнам Аудиво како изгледа од напред. Инаку кога го вклучи тој мод веднаш се почуствува значително затврднување на управувачот кое потпомогнато со мултилинк ослонувањето и 17-ките бандажи - едноставно плаче за Ибарска магистрала или возење по кањонине низ Морача. Инаку околу тие модови типов ми објасни дека има уште два едниот за низ град, а другиот во случај на дожд или така нешто..........и има уште многу да се каже како на пример потрошувачката беше негде на 9.5.......и слично, ама и сами може да заклучите дека импресиите ми се фантастични и доколку некој се мисли за ова возило со овој мотор, НЕКА НЕ СЕ МИСЛИ. А што ли се случува со посилните мотори неќам ни да мислам затоа што ќе плачам.
И да се вратам на почетокот околу ентриерот, НЕ ГО ПРИМЕТИВ - НЕМАВ ВРЕМЕ - СИ СЕДНАВ ВО ГОЛФОТ ВО КОГО ВРЕМЕ ИМАМ НА ПРЕТЕК, ПА ТУКА ЌЕ СИ ГО ГЛЕДАМ ЕНТЕРИЕРОТ.

п.с. Велат Алфа се купува со срце, а Голф со разум (го земам Голфов како пандан бидејќи тоа возам). И тоа е жива вистина и сега донекаде можам да ги разберам типовиве како мене, натепале години, не ти поклониле тато и мама кола, жена, деца, па ако заглавиш нешто у живот си викаш ај ќе го продадеш колку-толку ќе му извадиш нешто ......и слично (значи преовладува ај да речам разумот односно кога бирало срцето сум немал пари), ама дечкиве до максимум 30 год. поготово овие без никакви обврски, на кои тато и мама им купуваат коли кога ќе ги видам у Голф, Фокус и слично, не можам да им се изначудам на едно нешто, а тоа е и покрај разумот кои следствено на годините го поседуваат КАДЕ ВИ Е БРЕ СРЦЕТО.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #16 на: 03 Мај 2011, 12:32:59 pm »
Браво, многу убаво напишано од Zulu. Само кажи му на брат ти, дека можи да пишува и на овај форум нема да му се налутиме :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #17 на: 03 Мај 2011, 13:06:22 pm »
Zulu ти е брат бре Куоре?
Вака реагира неАлфиста, прашај ме мене и себе прашај се при прв контакт што осети хахахаха

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #18 на: 03 Мај 2011, 13:27:23 pm »
Првиот контакт го имаше со мојата Алфа пред 10 години. Можда некад ќе пише што искоментира кога ја сцепа 200 накај Прилеп. ;D


 Него текстот има интересна поента, знаеш дечки млади по 20 години се палат на Голфови и Астри а реално особините на тие две коли не содејствуваат со карактерот и адреналинот на 20 годишњак. Проблем е немањето муда да се купи Алфа поради табуата кој ги наметнале постарите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #19 на: 03 Мај 2011, 13:54:13 pm »
А што беше позитивното во Алфата освен што е 120кс турбо бензинец? Тоа ќе е доволно слично кај сите такви мотори. Сите други споменати коли во соодветна ценовна споредба со Алфата доаѓаат со значително посилни мотори. Дали можеби и тогаш Алфата има некоја предност? Далеку од тоа дека е лоша, напротив одлична е. Ама во вечните зборови на Владо - Еден бакнеж и мајгија се стоори, везе нема муабетов. Во тој ценовен ранг се Голфовите со 160кс, Новиот фокус со 150кс и Астрата со 180кс сите опремени со турбина како и Алфата. Цивикот 1.8 иако прескап е веќе во тој ранг со 140кс атмосферец. Не правиме муабет кој е подобар или полош, ама магичните перформанси, кои беа посочени се далеку од конкуренцијата на останатите добри марки - и имаат слична цена.

Значи најефтините модели на Алфа се оние кои ќе се најкупувани и на нив се прави најголема заработка. Цената е релативно вештачка и неоснована. Но доколку се одлучиме за еден чекор понатаму ситуацијата се менува.

Веќе во рангот на силните дизелаши Алфата со 170кс е многу блиску до фокусот со 163кс дизел, Голфот е малку поефтин со 140кс, но има 4х4 (ГТД е поскап). Астрата со 160кс е солиден и доста ефтин избор. А и меганот 150кс е сличен со Астрата. Сите се најопремени и со најмоќните дизели, а цената е во рамките на 2000 евра разлика. но овој пат Алфата има најмоќен мотор од понудените и најдобри перформанси, соодветно со нејзините можности и изглед разликата од 2000 евра е некако оправдана. За разлика од истата кај поефтините верзии која не беше оправдана.

Кога се купува Алфа не треба да се цинцариш. Треба да ја облиеш со опрема и страст. За да можеш да го доживееш духот и чувството. Не би препорачал земање на најефтиниот модел... од ниедна кола - а најмалку од Алфа.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #20 на: 03 Мај 2011, 14:28:25 pm »
По твојата логика Дени, денес не би постоеле Alfa,  Bmw и Honda. Цеедот имал 120 коња бил поефтин дупло од Цивик, 2.3 пати од Џулиета и 2.5 пати од БMW.








Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #21 на: 03 Мај 2011, 14:46:45 pm »
По твојата логика Дени, денес не би постоеле Alfa,  Bmw и Honda. Цеедот имал 120 коња бил поефтин дупло од Цивик, 2.3 пати од Џулиета и 2.5 пати од БMW.








Зборувам за љубители на возилата. Инаку за некои (90% од популацијата) тоа не важи. И тие пак ќе си купат Киаундаи. Но тие марки не се вредни за да ги спомнам во оваа убава тема, па затоа и отидов со доста по докажани марки како гореспоменатите.
Од друга страна се што сакав да кажам е дека ако се отиде малку нагоре се добива повеќе кај оваа марка. Конкретно може и да се интерпретира како сугестија против најслабиот мотор со најмалку опрема, иако доволен и богат ентузијастички, сепак не.
Кога ќе видам МИТО низ град со пластики сиви на местото каде што инаку стојат хромирани детаљи... Не.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #22 на: 03 Мај 2011, 14:54:18 pm »
Deni до негде и имаш поента дека Алфа се купува комплетно опремена. Сите Алфи до Mi.To и Giulietta, биле во најмала рака одлично опремени. Сега најверојатно идат на сигурно со многу различни нивоа на опрема, за да постигнат количина при продажба...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #23 на: 03 Мај 2011, 14:57:29 pm »
Ја на пример, кога би купувал нова Алфа осим клима ништо друго неќу да има од опрема. Од друга страна, вредноста на опремата нека ја инвестираат во моторот. Сигурен сум дека Гола Quadrifoglio Verde so 235 ks ќе кошта поефтино од МиТо со фул опрема и 75 кс.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #24 на: 03 Мај 2011, 15:00:07 pm »
сега засега единствен начин до ефтина верзија на QV е пакетот „Спортско подвозје“ и ТBi Multi Air верзијата на 1.4

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #25 на: 03 Мај 2011, 17:04:44 pm »
@velestrumf, колку за споредба, МiTO во Англија стартува од 10 975 фунти односно  12 292 евра. Конкретно се работи за моделот 1.4 16V 95BHP Turismo кој Аутомобиле не го ни носи на нашиот пазар. За споредба Аутомобиле СК за 1.4 со 75 кс бара 15 000 евра. Е сега доколку се донесе 1.4 16V 95BHP Turismo и се понуди за сума од 12 292 тешко дека некој ќе му одолее. 

Тачно дека е таа цена, меѓутоа Алфа извесен период не се ни продаваше (или имаше очајна продажба) во Британија/Англија, поради добро познати причини... И затоа, ако се опушти импортерот на Алфа да бара повисока цена за МиТо, може само да сања дека некогаш ке успее да продаде возило. Све си има свое :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #26 на: 03 Мај 2011, 17:10:03 pm »
i sega nie ispagame popametni od site inzeneri,menadzeri,direktori itn.itn. na Alfa Romeo....imeno poveke od sigurno e deka imaat opravdanost za cenata na sekoe vozilo koe go prodavaat (dali se raboti za Mito ili Gulieta)...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29609
    • CARclub.mk
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #27 на: 03 Мај 2011, 17:30:24 pm »
Жити бога, да не почнеме дискусија за оправдана цена..

Кај секој, ама буквално кај секој производител, брендот игра огромна улога.

Од што е оправдана цената на Алфа Ромео, и од што е соодветна на имиџот што го имаат, Алфа Ромео е во загуби последниве 15 години.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #28 на: 03 Мај 2011, 17:53:25 pm »
Жити бога, да не почнеме дискусија за оправдана цена..

Кај секој, ама буквално кај секој производител, брендот игра огромна улога.

Од што е оправдана цената на Алфа Ромео, и од што е соодветна на имиџот што го имаат, Алфа Ромео е во загуби последниве 15 години.
A so sto ja zasluzuva VW Golf cenata od 20.000 evra,koga toj Golf od fabrika kosta samo 6000 evra...se razbira deka na cenata od 6000 evra posle ima i drugi trosoci kako danok,carina...no koja e marzata na fabrikata i prodavacite...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: AR Giulietta 1.6 JTDM 105hp vs 1.4 TBi 120 hp
« Одговори #29 на: 03 Мај 2011, 17:55:07 pm »
i Golf e zemen kako primer,nemam nisto protiv Golf osven toa sto ne mi se dopaga  ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D