Не ми е јасно што се обидуваш да постигнеш со прашањево?
Се обидувам да ти укажам дека
потрошувачката, изразена во литри (една вредност!) од А до Б може да биде помала и покрај тоа што истовремено сме ја покачиле
специфичната потрошувачка, изразена како
однос помеѓу две вредности.
Не. Не интересира како да потрошиме најмалку литри од А до Б при истата брзина. Дали секогаш е подобро да возиме во највисокиот можен степен
Да, АКО не интересира што помала потрошувачка, ТОГАШ да, секогаш е подобро во највисокиот можен степен (можен степен = степен при кој моторот може да ја постигне бараната коњажа).
или пак некогаш, при одредени ситуации, повисокиот степен ќе ни даде повисока потрошувачка?
Не, не постојат такви ситуации. Тоа е мојата теза. Докажи го спротивното со презентирање на експериментално сценарио каде што мојата грешка ќе биде евидентна, т.е. ќе видиме помала потрошувачка при повисоки вртежи.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Црвените линии опишуваат режими за возење при кои се врши иста работа (секоја линија за себе се разбира).
Во долните линии се гледа дека моторот ќе потроши помалку, ако се наоѓа во степен на пренос при кој работи на помалку вртежи во минута. Кај линијата за и околу 40KW/h ова правило не важи.
Тоа што кај овој мотор, при нормалните брзини за на автопат е поекономично да се вози во повисок степен, не значи дека истото е случај и кај мотор со слична конструкција но со 3 пати помала можност. Кај таков мотор линијата која овде означува 40КW/h ќе гласи 15KW/h, односно 65mph.
Кои се степените на пренос на графикот? Црвените линии?
Од горниов график, доколку сме на брдо и потребната моќност за одржување на брзината е 40KW и сме во 6та брзина на 1750 вртежи, ќе работиме со 80% од максималната ефикасност на моторот. Доколку ставиме во 4та, ќе се најдеме на 2500 вртежи пришто ефикасноста ќе е 90%.
Дали моторот воопшто може да произведе 40kW при 1750 рпм? Каде тоа да го видам на графикот?
Согласно тоа ќе потрошиме помалку гориво за истата работа при истата брзина и ќе потрошиме помалку гориво од А до Б.
Не. Доколку колата се вози во највисокиот
можен степен на пренос за одржување на брзината, без оглед дали е угорница или удолница, секогаш ќе потроши помалце заради знчајно намалените интристични загуби на кои се троши
поголемиот дел од вкупо потрошеното гориво. Дали може на 1750 рпм воопшто да ги постигне тие 40 kW? АКО може ТОГАШ ќе потроши помалку гориво отколку на повеќе вртежи (во пониска брзина),
и покрај тоа што специфичната потрошувачка не е најдобрата.
Да му се невиди, скоро сите по колите имаме покажувачи на инсант потрошувачка. Па до сеа можевте сто пути да покажете „еве, глеј“.... Ајде потрудете се и пробајте практично да го проверите сопстевеното разбирање на концептот „специфична потрошувачка“ наспроти „потрошувачка“.