Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 265124 пати)

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 802
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #780 на: 14 Септември 2014, 21:47:57 pm »
Киа Сид 1.4 просек нешто под 9 на отворено, Астра 1.4 просек околу 9 на отворено, Голф 1.4 просек 9,5 л/100км плин (при брзини околу 100 км/ч)... Потрошувачката е земена по поминати 400 км во лето. Уред: Ландиренцо ЕВО, зборам за реална (измерена) потрошувачка, не по борд. На борд покажува скоро 2л помалце (плин) ;)

Jas co cruzot 1.8  na otvoreno so tie brzini redovno 8.       landi plus max

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #781 на: 14 Септември 2014, 23:34:47 pm »
Оти не ми е јасно... 9 на отворено со кола од 1400 кубици при 100 на час? Нели тоа е ептен?

Во четвртокот - Прилеп-Скопје и цурик ... Плетвар просек 60 , на автопат просек 100-110 + две мали екскурзиии до максимални 155-160
Просек 5.5....

Нели моториве стануваат поефективни, плиновите се подобри, коливе се поаеродинамични?? Или јас грешно сум разбрал?

Во врска со еден муабет пред 2-3 страни...
Чудно, да, но не значи дека со покачување на брзина помалку ќе троши...
Старата Шкода (карбуратор, платина) за до БТ и назад при 70-80 трошеше 500 ден, а од 90-100 трошеше околу 400...
И мене не ми е објасниво, но веројатно тогаш најдобро се искористува вшмуканото гориво во однос на запчаникот на пренос и најголема инерција има...
« Последно менување: 14 Септември 2014, 23:46:54 pm Pinky »
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #782 на: 15 Септември 2014, 00:41:03 am »
не.. плински уред на плочка е друго.. јас со застава 128 (55-ка мотор, 1100цц) имам тестирано колу потрошња на отворен пат.. бидејки не цицијашев, плинскиот вентил од расплињача ми беше добро отворен (на максимумот што е во граници на работење) и имам вадено градска потрошња во просек околу 12 плин. на автопат ако возиш до кај 110 вади потрошња од 9?? а кога ја возиш полна гас (до 160 на моменти 175) вади потрошња од 7-8...

објаснувањето е лесно... тој тип на испарувачи (расплињачи) мембраната во нив-механички вентил кој работи под вакуум, отвара на максимум одприлика на околу 3.000 обртаи.. кај некои погоре, кај некои подоле, но одприлика тука. и се што е над тоа ти всушност не добиваш екстр повеке гориво туку само поише воздух вбризгува во смесата, т.е иде во посиромашна смесата... тогаш, во тие услови веке не се мери во количина вбризгано гориво, туку се мери во временски интервал колку е отворен на максимум испарувачот...

 а реално, добиваш поголемо забрзување и повеке должина проаѓаш за исто вбрзигано гориво... мојот краен резултат беше да возиш со педала до доле (ако ти држи г’зот и колата) и ке заштедиш литро-две на 100 километри... проверено миљон пати...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #783 на: 15 Септември 2014, 22:35:39 pm »
Киа Сид 1.4 просек нешто под 9 на отворено, Астра 1.4 просек околу 9 на отворено, Голф 1.4 просек 9,5 л/100км плин (при брзини околу 100 км/ч)... Потрошувачката е земена по поминати 400 км во лето. Уред: Ландиренцо ЕВО, зборам за реална (измерена) потрошувачка, не по борд. На борд покажува скоро 2л помалце (плин) ;)

Многу некако, мајсторе..

Зошто би можело да вади дури 2 литра повеќе на плин? Нормално е тоа?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #784 на: 16 Септември 2014, 06:51:27 am »
Моите искуства се различни. Јас со алфата извадив 10.5 л плин на отворено, натоварен за на одмор со упалена клима и возено преку 120 секаде каде што се можело. Зборувам за измерена потрошувачка според наполнето гориво, а не според борд. 9л плин во екстремно штедливи услови на возило кое троши 6л бензин на отворено, е премногу. Опасно е доведена исплатливоста на плинскиот уред, ако е потрошувачката е зголемена за 50% на отворено. Моите искуства велат 10-15% над бензинската потрошувачка на отворено, 15-20% над бензинската во град.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #785 на: 16 Септември 2014, 08:01:34 am »
Незнам, со Киата е мерено кога се одеше за Софија, Со Астрата за Грчка, а Голфот за Београд. Мислам дека генерално околу 15% троши повеќе на плин, можда зависи и од плинот (овој беше од Нас гас), а вожњата е по пропис или малку испод ограничувањето. Колите се полни, клима по потреба... Мерено е со дополнување до крај. Со Грчкиот плин ми трошеше 10л/100км, ама и се возеше троа побрзо за да го тестирам, а и малку низ град - врти сучи пак околу 9 ќе му дојде :) На борд околу 7 (просек за целиот изминат пат). На бензин, реална ќе беше потрошувачката од бордот 7л.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20133
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #786 на: 01 Октомври 2014, 21:44:53 pm »
You heard it here first.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6491
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #787 на: 10 Октомври 2014, 13:38:26 pm »
Мои забелешки, за дизел, најверојатно спомнато, бензин по комплицирано ми е, не знам како идат математиките.

Колата ми е најштедлива при одредени брзини, односно кога моторот е на 2000rpm, оти тогаш и му е најлесно,
т.е имам најголем вртежен момент, 185Nm.

Тоа значи во 3-та брзина нешто под 50км/ч, во 4-та нешто под 70км/ч, 5-та околу 90км/ч мислам.
Да одржувам константна брзина од 50км/ч во 4-та на пониски вртежи, колата троши повеќе, иако се пониски вртежите.

И така на просечно рамен пат со 90км/ч можам да извадам фабрички 4.0l на 100км,
а пред еден месец со 4-та на 2000 (70км/ч), на 40км сам вкола, во два правци на прилично рамна делница,
извадив по борд просек од 2.9л/100 и со 25% грешка, реални отприлика, 3.6л/100. :D

Отсутен ace_banja89

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #788 на: 24 Октомври 2014, 08:49:28 am »
Дали ламбда сондата има влијание на потрошувачката

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #789 на: 24 Октомври 2014, 08:51:05 am »
сигурно дека има

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #790 на: 24 Октомври 2014, 09:49:54 am »
Колата ми е најштедлива при одредени брзини, односно кога моторот е на 2000rpm, оти тогаш и му е најлесно,
т.е имам најголем вртежен момент, 185Nm.

Не, немаш најголем вртежен момент. Имаш онолку колку што и е потребно на колата да се тркала :)
Башка, не постои таков термин „најлесно му е на моторот“. Моторот е машина. Ниту му е тешко ниту му е лесно. Постои само оптеретување, од 0 до 100%

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #791 на: 24 Октомври 2014, 10:06:58 am »
Колата ми е најштедлива при одредени брзини, односно кога моторот е на 2000rpm, оти тогаш и му е најлесно,
т.е имам најголем вртежен момент, 185Nm.

Taка само ти се чини.

Еден од најупорните митови за штедливото возење е дека штедењето на гориво има каква било врска со тоа каде во вртежите е максималниот вртлив момент. Нема.

На 2000 рпм ти троши малку е затоа што тоа се ниски вртежи, а не затоа што таму ти е макс вртлив момент. Тоа што кај твојата кола макс момент е баш таму е само коинциденција, така се погодило, нема причинско-последична врска. За споредба, атмосферскки бензинец има макс момент прилично високо во вртежите, па таму никако не е најштедлив (напротив). И бензинецот најмалце ќе троши на ниски вртежи, иако таму не е неговиот максимален вртлив момент.

Штедливото возење е неповрзано со тоа каде е макс. момент. Штедливото возење е поврзано со најмал можен вкупен број на револуции за една иста завршена работа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #792 на: 24 Октомври 2014, 10:38:13 am »
Односот вложено/добиено е најдобар на peak torque. Можеби не е најекономично, али да го наречеме најефикасно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #793 на: 24 Октомври 2014, 10:40:57 am »
Има разлика меѓу најефикасно и најекономично? Не е тоа исто? Kia Ceed 1.4 е ефикасна на 5000рпм? Поминала покрај ефикасна, да. Таа е најефикасна на 3300 вртежи. За секој мотор си има график за ефикасност.

http://en.wikipedia.org/wiki/Brake_specific_fuel_consumption

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #794 на: 24 Октомври 2014, 11:17:47 am »
Односот вложено/добиено е најдобар на peak torque. Можеби не е најекономично, али да го наречеме најефикасно.

Не. Не е, барем не нужно. Таму е, просто, најголема ставката „добиено“ и толку. Односот „вложено“/„добиено“ е друга приказна.

Понекогаш за мала добивка во момент е нужно големо зголемување на потрошувачката. Па така, при пик торк (т.е. при најмногу „добиено“) односот „вложено/добиено“ никако не е најдобриот.

Стално ги заборавате загубите унутра у моторот! Замисли дека некој мотор ќе произведе 80% од максималниот торк со 50% од горивото потребно за максимален торк. Па така, при 80% од макс торк, торкот не е макс, ама односот торк/потрошња е подобар отколку при макс. торк.

И сето ова ако моторот е изваден од колата и приклучен на мерни инструменти, што се граничи со нерелевантност. Вие глејте ја колата што прави, а не моторот сам упален на постамент.

Kia Ceed 1.4 е ефикасна на 5000рпм? Поминала покрај ефикасна, да. Таа е најефикасна на 3300 вртежи. За секој мотор си има график за ефикасност.

...a на помалку од 3300 вртежи ќе троши уште помалце. Не го гледај моторот сам по себе, изваден на маса, глеј го турен у кола:

Кia Ceed 1.4 во петта при 3300 вртежи ќе иде со (тропам на памет) 120 км/ч
Kia Ceed 1.4 во петта при 2000 вртежи ќе иде со (тропам на памет) 80 км/ч

Што мислиш, кога Kia Ceed 1.4 ќе троши помалце литри на 100 км? При 3300/120 или 2000/80?