Автор Тема: Намалување на потрошувачката.  (Прочитано 282164 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #540 на: 12 Јануари 2014, 19:42:18 pm »
95% од потрошувачката е начинот на возење. 5% се другите глупости.

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #541 на: 12 Јануари 2014, 20:11:46 pm »
95% од потрошувачката е начинот на возење. 5% се другите глупости.
како троши повеќе колата,ако враќаш брзини, т.е моторно да праиш пред семафор да речеме 3,2,1 или на 30-40-50 метра да си избациш  у лер и да си подкочуваш?

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #542 на: 12 Јануари 2014, 20:20:29 pm »
95% од потрошувачката е начинот на возење. 5% се другите глупости.
како троши повеќе колата,ако враќаш брзини, т.е моторно да праиш пред семафор да речеме 3,2,1 или на 30-40-50 метра да си избациш  у лер и да си подкочуваш?
Да си избациш у лер и да си поткочуваш

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #543 на: 12 Јануари 2014, 20:52:52 pm »
сите овие работи,правени во 100км се еквилалентни на едно "стискање" во втора во поглед на потрошувачка
значи возете и не мрчете дека многу ви трошеле бензинците од 1200 кубика,зима е сите коли трошат многу сега

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #544 на: 12 Јануари 2014, 20:54:49 pm »
95% од потрошувачката е начинот на возење. 5% се другите глупости.
како троши повеќе колата,ако враќаш брзини, т.е моторно да праиш пред семафор да речеме 3,2,1 или на 30-40-50 метра да си избациш  у лер и да си подкочуваш?
Да си избациш у лер и да си поткочуваш
Не е точно!!! Апсолутно неточно за било кое ново возило. Кога ќе пуштиш гас возилото влегува во cut off режим, односно моторот работи нешто како компресор без гориво. Што значи НЕ ТРОШИ гориво, додека во лер троши за да работи. Мада ова трошење е многу мало :)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #545 на: 12 Јануари 2014, 22:21:06 pm »
сите овие работи,правени во 100км се еквилалентни на едно "стискање" во втора во поглед на потрошувачка
значи возете и не мрчете дека многу ви трошеле бензинците од 1200 кубика,зима е сите коли трошат многу сега

Незнам кој мрчел, убаво си реков троши нормално. Прифати го муабетот како за било која кола :)
Никола, имаш добра логика и јас истото го мислам за лерот, едино што ќе потрошиш некој милиметар од плочките и дисковите.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #546 на: 12 Јануари 2014, 22:26:46 pm »
како троши повеќе колата,ако враќаш брзини, т.е моторно да праиш пред семафор да речеме 3,2,1 или на 30-40-50 метра да си избациш  у лер и да си подкочуваш?

На постара кола со карбуратор и која нема многу електроники може со овој начин, на нова кола е обратно. Плус малку е 50 метри, од подалеку ке ја избациш од брзина, од 200+ метри да речеме, но претходно со добра брзина да се движиш, барем најмалку 60.

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #547 на: 12 Јануари 2014, 22:32:44 pm »
Па збориме за нови коли, значи враќање моторно пред семафори троши поише ???

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #548 на: 12 Јануари 2014, 23:22:05 pm »
За понови коли - моторно кочење троши помалку бензин.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #549 на: 12 Јануари 2014, 23:45:21 pm »
Не знам за вас ама јас со моторно кочење не дигам повеќе од 1000 вртежи (дизел). Ептен ретко до кај 1500.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 899
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #550 на: 12 Јануари 2014, 23:51:56 pm »
Не знам за вас ама јас со моторно кочење не дигам повеќе од 1000 вртежи (дизел). Ептен ретко до кај 1500.
На што мислиш?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #551 на: 13 Јануари 2014, 18:15:15 pm »
Дајте идеа освен оваа се разбира, како би намалил потрошувачка на кола со плин мотор со 8 вентили
плинот е штелуван и си троши нормално али би сакал да прилагодам на минимум бидејќи долга ми е секојдневната релација до работа.
На моторот му нема ништо модифицирано 1200кубика е со 60 коња.
Ми дојде идеа да му ставам cold intake air filter и некој адитив за дизни и вентили од liqui moly бидејќи се работи за 2000год па колку толку нешто да зачисти. За некој ден ќе му ставам и Michelin Energy Saver 14ки
Совети се добродојдени.  :)

Прво да видиме за која маршута се работи и кој временски период ја возиш. Има многу методи со кој може да се заштеди гориво..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #552 на: 13 Јануари 2014, 18:18:21 pm »
За понови коли - моторно кочење троши помалку бензин.

За сите коли кои немаат карбуратор, туку електронска контрола на вбризгувањето.

Тоа значи: сите коли освен многу старите.

При моторно кочење се троши НУЛА гориво.

Исфрлање во лер како метод на штедење гориво е контрапродуктивен. Не само што се троши непотребно гориво, туку и непотребно се трошат кочниците, а кај коли без абс - непотребно се компромитира безбедноста.

СЕКОГАШ моторно кочење. Секогаш. Кочницата да се користи само за ДОкочување, кога колата се движи многу полека, или за ненадејно, интервентно кочење.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #553 на: 13 Јануари 2014, 18:48:03 pm »
Не кај сите, само најновите MPI возила ги гасат дизните при моторно кочење.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Намалување на потрошувачката.
« Одговори #554 на: 13 Јануари 2014, 18:54:00 pm »
95% од потрошувачката е начинот на возење. 5% се другите глупости.

За жал - не. Така ќе беше доколку моторот беше 100% топлински ефикасна машина, но не е.

Потрошувачката = паразитски губитоци + начинот на возење.

Не кај сите, само најновите MPI возила ги гасат дизните при моторно кочење.

На татко ми хјунаито пони од 1996 ги гаси.