За понови коли - моторно кочење троши помалку бензин.
За сите коли кои немаат карбуратор, туку електронска контрола на вбризгувањето.
Тоа значи:
сите коли освен многу старите.
При моторно кочење се троши НУЛА гориво.
Исфрлање во лер како метод на штедење гориво е контрапродуктивен. Не само што се троши непотребно гориво, туку и непотребно се трошат кочниците, а кај коли без абс - непотребно се компромитира безбедноста.
СЕКОГАШ моторно кочење. Секогаш. Кочницата да се користи само за ДОкочување, кога колата се движи многу полека, или за ненадејно, интервентно кочење.