Пуштам контакт, сакаш да кажеш верглаш?
Не! Тоа значи дека клучот е во положба како откако ќе заврглаш, моторот ќе биде во погон и ќе го отпуштиш клучот за да се врати во позција на не-верглање. Односно, да дадеш контакт значи да го активираш компјутерот, ќе се уклучат сијаличките кај брзинометарот и ќе добиеш "дозвола" од компјутерот да верглаш, при што целата електрична инсталација ќе е активна и сите електрични уреди и додатоци на возилото ќе се функционални.
Тоа е давање на контакт. Има степен пред контакт, кога компјутерот не е активен, и само дел од електричните уредите (како на пример радиото) и фаровите се активни, но не и електричните прозори (кај мене и кај 6-ката и кај фиестата морав да дадам контакт за да отворам или затворам прозор). Ако го свртиш клучот степен поназад, тогаш немаш можност да бараташ со фаровите, ниту со радиото (бар кај мене е така) и можеш да го извлечеш клучот од бравата, што е неможно во другите 2 позиции.
Значи кога ја палам фиестата, клучот е свртен напозиција контакт и не го допирам понатаму (за да го исфорсирам во верглање кое секако е невозможно со празен акомулатор).