Еве сеа ке ви кажам нешто за нашиве бензински пумпи.
Пред 2 недели со уште 2-ца другари бевме за Битола со пасат караван 1.9 тди 90кс модел на пасатот 1995/96 годна, Е сеа на бензинската пумпа во ауто команда, кај коце металец ставивме 1000 денари нафта и тргнавме за Битола, со нас носевме и тркачка приколица бидејки од тамо требаше да зимаме кола, и цело време се возеше просечно околу 90-100кмч и од Скопје до Битола ни потроши 2 коцки нафта, поточно нафтата што ја ставивме во Скопје ја истроши цела, и пак дојде на првата стрелка од резервата.
И сеа ја качивме колата на приколицата, патем товарот ни беше мало количе (фичо) и на излезот од Битола, на ЛУКОИЛ ставивме уште 1000 денари нафта, и сеа идеме со товарана кола, по истиот пат, иста вожња просек 90-100кмч но со плус некој 20км во Скопје грацка вожња....
И на крај, гледаме во стрелката за нафта од тие 1000 денари во Битола што ги ставивме грубо по наша проценка останаа некој 300 денари.
И сеа, значи муабетот ми беше дека нафтата на Макпетрол е со слаб квалитет, додека на ЛУКОИЛ е со поголем квалитет...
Резиме на целово , на потрошувачката голема улога игра горивото кое го користиме.