Стилото веројатно ќе се вози околу 90км дневно претежно по обиколница и автопат. Како да се зголеми економијата на возилото при такви услови? Што би направиле вие ако треба да возите 1800-2000км по автопат секој месец? Потрошувачката на стилото при 120км/ч е околу 6,5л 1/2 литро заштеда би направило разлика од 6-7л гориво, но не е доволно. Кои се опциите? Плин е секако опција, но ме интересира како да се претвори човек во хајпермајлер?
1. Возење на патот со брзини околу 100км/ч наместо 120
2. 195/65/15 енерџи сејвер гуми со мал ролинг резистенс, наместо ултраспортски 205/55/16
3. 0,2 бари повисок притисок во гумите
4. Редовни сервиси со 5w-40 (тоа и е пропишано) и свежи филтри за уље и воздух
....
Што би превземале вие за да ја минимизирате потрошувачката ако треба да поминете годишно околу 20.000км на автопат?