Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline  (Прочитано 26912 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #120 на: 07 Јануари 2013, 22:05:01 pm »
Му се може на VW да држи цена, со оглед дека VW СЕ ПРОДАВА. Дали ти кога би имал производ кој што се продава, би размислувал на пониска цена ?
Сакале ние да признаеме или не, Голф е сепак единица мерка на класата. Се друго е „гледај ова е како на Голф“.
А дека шпараат у секоја наредна генерација, шпараат. Ама изгледа им оди шпарањето.
Дека немаат логика у нарачки у Порше МК, и тоа е точно. Го покриваат само сегментот на купувачи кои сакаат да купат Голф и тоа да биде најефтиниот можен. Ама со години ги забораваат оние кои бараат повеќе од Голф.

И да, VW, треба да се разбуди од сонот, дека Bluetooth и команди на волан треба да е дополнителна опција. Дивајсот во набавна варината не е повеќе од 50 Евра ( зборам они на количина да добијат цена ). Ама шпараат изгледа и на ѕивани во серија.  


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #121 на: 10 Јануари 2013, 12:05:28 pm »
A sto e problemot so sedistata vo noviov Golf. Stranicnata podrska e napravena samo od sunger i se vitka, nema nikakva cvrstina. Site modeli imaat vakvi sedista ili samo onie so pocetno nivo na oprema?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #122 на: 20 Јануари 2013, 19:25:55 pm »
Веројатно е почетното ниво на опрема. Кај тие голфови, можда и заден брисач е додатна опрема.
Мада, на 6ката, обичните седишта се топ, иако во повисокото ниво на опрема се екстра.

Еве зошто голф е голф. Секако секоја опција од наведените се доплаќа, но колку од овие работи воопшто ги имаат другите во оваа класа во понуда ?


Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #123 на: 21 Јануари 2013, 01:23:27 am »
Прашање за Зеро и Јаре,дали без размислување би ја смениле 6ката за 7ца?

Значи оставаме на страна колку треба да се доплати и колку би изгубиле на 6ката.Верувам дека ќе добијам објективни одговори.

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #124 на: 21 Јануари 2013, 01:38:21 am »
Yarre veke 1 ednas mislam deka kaza i toa bas na ovaa tema, potocno ako me drzi pamtenjeto kaza deka za prv pat kako sopstvenik na golf 6, dokolku bi go prasale dali da go smeni (zeme) golf 7 za prv pat odogovorot bi bil NE. A zero mislam deka bi go smenil i vo son da go prasas, se gleda so kolkavo voodusevuvanje pisuva/zboruva za golf 7 ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #125 на: 21 Јануари 2013, 08:20:22 am »
Прашање за Зеро и Јаре,дали без размислување би ја смениле 6ката за 7ца?

Значи оставаме на страна колку треба да се доплати и колку би изгубиле на 6ката.Верувам дека ќе добијам објективни одговори.

За Yarre нема да одговорам, пошто не ми се збори во името на некој друг, али ќе одговорам за мене (иако веќе некаде го имам зборено ова) - јас не би го сменил мојот Голф за 7-ца.

Седмицата ми се свиѓа, ама не ми се свиѓа толку многу повеќе, за да го сменам мојот. Визуелно 6-ката ми изгледа многу подобро, особено мојата. MQB платформата и новите мотори се одлични, ама кога нешто не ми се свиѓа како изгледа, то ти је.

Е сега, ако е money no object, можеби би го сменил за GTI или за GTD, ама и новото GTI ми е ружно.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #126 на: 21 Јануари 2013, 10:34:31 am »
набрзо - годна две - ке ви се сменат мислењата, така ке да беше коа испадна 6ката :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #127 на: 21 Јануари 2013, 10:38:12 am »
Мене 6-ката од прва ми се свиѓаше.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #128 на: 21 Јануари 2013, 10:42:01 am »
набрзо - годна две - ке ви се сменат мислењата, така ке да беше коа испадна 6ката :)
Тачно! А и си има ефект „своето бато“.

Си го средил, си го стегнал - и сега да го мењам па се од поново? Неееее...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #129 на: 21 Јануари 2013, 10:48:19 am »
6-ката со R-line пакет ми е најубавиот голф досега, без конкуренција...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #130 на: 21 Јануари 2013, 10:48:33 am »
Objektivno MK5 e najkvalitetniot Golf
Subjektivno MK5 e najubaviot Golf.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #131 на: 21 Јануари 2013, 10:51:35 am »
Јас би шибнал волан и рачка од мењач од 7мица (или 6ка) на 5ката.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #132 на: 21 Јануари 2013, 10:58:09 am »
Не би го мењал воланот на мојата 5-ка...

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #133 на: 21 Јануари 2013, 11:02:07 am »
ти си исклучок пријателе .. тоа е најубавиот волан ... :) го нема во секој голф по огласине :D .. па ни во 99% на нови :D

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #134 на: 21 Јануари 2013, 19:05:50 pm »
Еве го одговорот од друга тема - VW Golf 7 и Audi A3 конечно во Македонија !

Цитат
Голф 7.

Еве од мене едно субјективно видување, со оглед дека сум почитувач на брендот.
Согласно форумите, и генералните дискусии по нет, како и сите останати производители, новиот модел има огромно намалување на цената на производство, во секој аспект, па не е ни чудо што првичната цена и не е толку различна при промоција. Досега цените на самоштоизлезените возила беа далеку повисоки. Сега да, се високи, меѓутоа разликата е помала.

Голф 7 има зголемен број на добавувачи што не се од Германија, па во очи директно паѓаат помалку одговорните делови, како на пример филтри за гориво, црева, разни пластики и слично, ова оние што се гледаат. Тука VW шпара на велико, како што шпараше и на 6ката во однос на 5ката.

Возењето, е потврдо од 6ката, но и полебдечко, што мене не ми се допаѓа, што можеби за долг пат е подобро, и покофорно, меѓутоа изгубен ми је осетот за „картинг“ што воодушевуваше на 6ката. Седењето дефинитивно е топ, со налегнатата табла, се добива осет на големо возило ( пасат, А6 ) мада пиано финишот е очајна опција, секој прст се познава и секоја прашинка, никад не би го купил со него. Изгледот на радиото ми је дефинитвно како шпорет, некој дизајнер си играл мајтап со тврдокорноста и конкретноста на VW. Овде дизајнерот бил ко Холанџанка у депресија, па го нацртал.

Моторот дизелски, лесно работи, одлично забрзува, турбо лаг не осетив. ( веројатно гаснењето на алтернаторот придонесува за ова, кој се гаси при првично забрзување ) и од мене има чиста 5ка. Ау добар је!

Однадвор, го видов у салон у повеќе изведби, и моето субјективно мислење е дека едноставно, НЕ ја продолжува традицијата на Голф, и ова чувство го имам прв пат на сите досегашни голфови. Можда сум остарел па можеби тоа е причината  Паланчинкастата хауба, гледана во профил, и уништените задњи штопови, дефинитено одат во прилог на конкурентските брендови, и искрено мислам дека со 7цата, голфот почнува да ја губи битката, секако највеќе поради лебдечките возни својства.

Интересен е и системот на нарачки, според кој увозникот, како и секогаш досега се орјентира за нарачки на возила за сток. Имено, немам замерка на основните модели кои вероватно највеќе се купуваат по системот, Голф да е ама да е најефтин со цена. Имам замерка при конфигурирање на Highline пакетите на опрема, па во нив, нема Bluetooth што според мене треба да го има во секој сегмент, а камоли во највисоките. Ставаат ситни матракуки, кои демек не ја дигаат толку цената, ама Bluetooth бре е моралност, и онакви визуелни дрндупки како светленца под ретровизори и слично. USB ? Само со дополнителна опрема. 21 век господе боже, USB in дополнителна опција. И од сите донесени, гарант ни една нема со таа “дополнителна опција“. Е циркус. Ги гледам пакетите на Хрватските увозници, абре одмерени со памет нарачани возила. Овде Порше Македонија, паѓа ко круша. Неможе бре да се заборават купувачите ( оние мал процент ама постојат )  кои дефинитивно ги има, па ако сакаат „дополнителна опрема“ вон македонските стереотипи на увозници, мора да чекаат да му ја склопат таква.  Другите узвозници, во својата High гама имаат сензори за паркирање и камера за рикверц.
Тука се моментите што мислам ќе му се осветат на VW преку новата 7ца, со оглед дека денешните купувачи на нови коли во такви High пакети, сакаат да ги имаат сите гаџети на колата, кои во принцип и не се отровно скапи за да увозникот ги понуди. За пост продажба немој ни да помислите, цените се сечење на лево јајце.

Во таквата ситуација, мислам дека Порше МК многу брзо ќе ја намали цената на 7цата, илимити многу побрзо од тоа што го направи кај 5ката и 6ката, кои релативно добро држеа, а секако за тоа и ќе придонесе market share-от кој барем ми делува дека според нив е главниот репер.

Како сопственик на Голф 6, ако ме прашате дали би купил Голф 7, одговорот е ( по прв пат ) НЕ. 

Инаку, јас 6ката ја возам повремено, таа е на жена ми, и ја возам обично во сабота навечер ( ради паркирање по град ), на перење, и на пунење гориво  :) 122кс моторот е волшебен. Ем иде, ем не се чуе.