Постаро, ама добро:
Минатата година еден мој пријател направи upgrade на Девојка 7.0 во Сопруга 1.0. Тогаш примети дека мемориските побарувања на овој нов програм се огромни и дека оставаат многу малку системски ресурси за останатите апликации.
Сега приметува дека Сопруга 1.0 исто така користи Детски процеси, кои имаат уште поголеми мемориски побарувања. Да не спомнувам дека овој специфичен феномен не е споменат во упатството кое е доставено со овој производ, или во документацијата на истиот. Сопруга 1.0 сама се конфигурира и се покренува при секое подигнување на системот и ги прати сите останати системски активности. Сега веќе и некои други апликации, како ПокерскаНоќ 8.3, Пивница 2.5 и Журка 7.0, не можат да се подигнат (иако претходно совршено функционираа). Покрај сите тие проблеми Сопруга 1.0 автоматски инсталира непосакувани додатоци, како Дебељуца 85.8 и Роднини Бета верзија. Како последица на овие додатоци перформансите на целиот систем се намалуваат секој ден.
Некои работи кои сакаме да ги видиме во наредната верзија на Сопруга:
Можност за деинсталација на Сопруга 2.0 во кое било време без загуба на cache-от и на останатите системски ресурси.
Поради ова треба да се избегнуваат сите главоболки поврзани со Сопруга 1.0 и да се остане на Девојка било која верзија. И овде има некои проблеми со компатибилност. На пример, не можете да инсталирате Девојка 2.0 врз постоечка верзија Девојка 1.0. Прво треба да ја деинсталирате Девојка 1.0. Други корисници кажуваат дека ова е bug на кој треба да се припази. Исто така сите верзии на Девојка имаат проблеми и доаѓаат во стални конфликти за тоа што повеќе корисници го користат вашиот I/O порт. Човек би помислил дека веќе го имаат поправено овај глуп bug. Работите да бидат уште полоши деинсталацискиот програм на Девојка 1.0 не работи многу добро и остава премногу траги од апликацијата на системот. И уште еден проблем кој ќе им засмета на сите, сите верзии на Девојка секогаш прикажуваат пораки за предностите при надоградба во Сопруга 1.0.
Предупредување:
Сопруга 1.0 има недокументиран bug. Ако пробате да инсталирате Љубовница 1.1 пред деинсталација на Сопруга 1.0, тогаш Сопруга 1.0 ќе ги превземи сите MSMoney датотеки пред извршувањето на деинсталацијата. Тогаш Љубовници 1.1 ќе одбие послушност при инсталацијата поради недоволно системски ресурси.
Избегнивање на bug-ови:
За да го избегнете горе наведениот bug, пробајте да инсталирате Љубовница 1.1 на друг систем и никогаш немојте да покренувате никакви програми за пренос на податоци. Исто така пазeте на слични shareware апликации кои можат да имаат вирус кој би можел да делува на Сопруга 1.0. Друго решение е да ја покренувате Љубовница 1.1 преку Usenet провајдер под лажно име или анонимно. Овде исто така пазите на вируси кои можете случајно да ги даунлоадирате.