Од Кајгана...
"Иако е извесно дека Hellcat нема да биде најпродаван автомобил, нема дилеми дека нуди многу сила за цената, па американските медиуми со нетрпение го чекаат неговото официјално лансирање.
Autoblog разговараше со првиот човек на Dodge, Тим Кунсикис кој откри вистински интересни информации за автомобилот.
Меѓу информациите е дека максималната брзина ќе биде 320 километри на час, дека забрзувањето од 0-100км на час ќе биде за 3,5 секунди, како и тоа дека ако некој го стиска „до даска“, автомобилот ќе троши 5,5 литри во минута.
Со други зборови, возачите што сакаат да стиснат на
гасот, можат да го испразнат целиот резервоар за половина час. Возачот треба да биде вистински внимателен со
гасот за да стисне до декларираните 14 литри на 100 километри.
Мали се шансите дека овој автомобил ќе ги задоволи европските еколошки норми, но сигурно е дека брутално ќе уништува гуми и асфалт од другата страна на океанот."
Азот,кислород,водород

Кој гас?
