Паркирам прееска кај Борис Т. до истобојна 5ка, значи иста како косилицата моја. И се вртам нешо позади на моб зборам ова она, чекам да дое другар... и одеднаш здогледувам гребаница и вдлабнатина на задото лево крило

И се доближувам, со рака опипувам и си викам -"татко ми ја регистрираше денес, ја закачил а ништо не ми спомна"... тееее, се вртам и на браникот позади гребаница.. аман чоек што напрај си викам

Кревам глава, глеам жолт триаголник со текст во него нешо закачен, аууу викам види го што залепил

Доаѓа другаров и му кажувам ја татко ми шо направил, и гледаме у колата.. Абе брат, ова не е твојата кола, шо трипаш идиоту еден !

ххахахахах

си се изнасмеав, и деновиве на психијатар еќ одам