Автор Тема: Што ве насмеа денес  (Прочитано 2552651 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 687
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12960 на: 12 Март 2021, 12:37:30 pm »
@DarthJe5us за пензија се издвојуваат околу 18% од платата. Од нив 12% одат кај државата и при пензинирање добиваш пензија од државата. Другите 6% одат во 2-от столб, приватен, на твоја посебна сметка, кои се собираат, вложуваат... и кога ќе дојде време за пензија одлучуваш што ќе правиш со нив - сакаш наеднаш да ги земеш, сакаш доживотно 2ра пензија од нив, сакаѓ 5-10 години да ги земаш... на твоја одлука. Бонус, недај боже нешто да ти се случи, парите од 2от столб одат кај семејството.
3от е тотално доброволен, сам одлучуваш колку месечно ќе собираш во него и како на крај ќе ги користиш...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12961 на: 12 Март 2021, 12:39:47 pm »
@DarthJe5us
првиот е државен обавезен
вториот е приватен обавезен
третиот е приватен доброволен

Да дополнам дека вториот приватен обавезен беше воведен за банките да раководат и инвестираат средства кои се вложуваат таму, секако во ултрабезбедни хартии од вредност, со цел да има некој си раст на фондот (или држење чекор со инфлацијата).

Државниот обавезен нема можности да го прави тоа и средствата што се вложуваат (ако не се празнеше од месец во месец како што се прави сега) со тек на време ќе беа девалвирани поради инфлација.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6708
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12962 на: 12 Март 2021, 12:40:59 pm »
Може некој да ми ги објасни пензиските столбови?
Обично на месечна основа инвестираш пари во банка (да речеме 30 евра месечно) и тие пари банката односно нивниот брокер ги инвестира. Имаш со помал и повисок ризик во зависност од тоа каде се инвестираат парите кои што носат да речеме 2-3% или па 7-8% раст на годишно ниво.

Ако одбереш конзервативен план тогаш 75% од инвестицијата иде во обврзници кои што знаеме дека си сигурни ама носат помала заработувачка поради мала камата а 25% ти ги инвестираат на берза некаде во акции. Или па идеш малце поризично, 60% инвестиција во акции а 40% инвестиција во обврзници. И после да речеме 30 години штедење, парите во најголем случај ги вадиш на минимум 55 години старост, а ако сакаш или па можеш да чекаш пензија и после да ти се исплатат наеднаш или па месечно уз пензијата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12963 на: 12 Март 2021, 12:46:55 pm »

Во трет пензиски мора да се инвестира секој месец или може одредена сума да се инвестира?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12964 на: 12 Март 2021, 12:47:19 pm »
Во вториот столб парите се претвораат во пресметковни единици.
При претурањето од шупљо во празно некогаш некојј ќе наебе, ќе видиме кој и кога.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12965 на: 12 Март 2021, 12:47:28 pm »
Може некој да ми ги објасни пензиските столбови?
Обично на месечна основа инвестираш пари во банка (да речеме 30 евра месечно) и тие пари банката односно нивниот брокер ги инвестира. Имаш со помал и повисок ризик во зависност од тоа каде се инвестираат парите кои што носат да речеме 2-3% или па 7-8% раст на годишно ниво.

Ако одбереш конзервативен план тогаш 75% од инвестицијата иде во обврзници кои што знаеме дека си сигурни ама носат помала заработувачка поради мала камата а 25% ти ги инвестираат на берза некаде во акции. Или па идеш малце поризично, 60% инвестиција во акции а 40% инвестиција во обврзници. И после да речеме 30 години штедење, парите во најголем случај ги вадиш на минимум 55 години старост, а ако сакаш или па можеш да чекаш пензија и после да ти се исплатат наеднаш или па месечно уз пензијата.

Во трет пензиски мора да се инвестира секој месец или може одредена сума да се инвестира?
Кога сакаш, колку сакаш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12966 на: 12 Март 2021, 12:53:32 pm »
На пример може 1000 евра да се вложат годинава, наредна 1500 итн? Значи не мора месечни уплати?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12967 на: 12 Март 2021, 12:54:45 pm »
На пример може 1000 евра да се вложат годинава, наредна 1500 итн? Значи не мора месечни уплати?
Кога.
Сакаш.
Колку.
Сакаш. :)

Да, може.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6708
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12968 на: 12 Март 2021, 12:56:54 pm »
Може некој да ми ги објасни пензиските столбови?
Обично на месечна основа инвестираш пари во банка (да речеме 30 евра месечно) и тие пари банката односно нивниот брокер ги инвестира. Имаш со помал и повисок ризик во зависност од тоа каде се инвестираат парите кои што носат да речеме 2-3% или па 7-8% раст на годишно ниво.

Ако одбереш конзервативен план тогаш 75% од инвестицијата иде во обврзници кои што знаеме дека си сигурни ама носат помала заработувачка поради мала камата а 25% ти ги инвестираат на берза некаде во акции. Или па идеш малце поризично, 60% инвестиција во акции а 40% инвестиција во обврзници. И после да речеме 30 години штедење, парите во најголем случај ги вадиш на минимум 55 години старост, а ако сакаш или па можеш да чекаш пензија и после да ти се исплатат наеднаш или па месечно уз пензијата.

Во трет пензиски мора да се инвестира секој месец или може одредена сума да се инвестира?
Абе ти ако сакаш и цела заштеда стави ја ама и тоа носи ризик. Да речеме ако сите пари ти се инвестирани во акции, а вредноста на тие акции пропадне тогаш ќе го јадеш стапот, затоа треба добар план и да е осмислено долгорочно да не му ја мислиш на ова и да не си финансиски зависен.

Обично и приватниве компании им уплаќаат на нивните вработени во 3 столб по некоја симболична сума, ем они не плаќаат данок на тоа ем ти како физичко лице секоја година тие пари подлежат на поврат на ддв, односно 20%.

Исто така битен аспект е провизијата која банката ја зима. На почеток можеби не е толку важно ама кога ќе се акумулираат доста пари со тек на време 1% провизија не е малце :)

https://www.europarl.europa.eu/RegData/etudes/STUD/2014/536281/IPOL_STU(2014)536281_EN.pdf

Цитат
De Mirzha and Lannoo (2012) illustrate how an annual management fee of 0.75 % can consume around 12 % of total savings over a 30-year perio
.Similar arguments are put forward by Barr and Diamond (2006), who state that a 1 % administrative fee can lower pensions by 20 %  over a 40-year working life.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12969 на: 12 Март 2021, 12:57:55 pm »
Попаметно ти е да си ги заштедиш, него на друг да му ги даваш, каков трет столб, какви лајонеси...

Јас како што го фатив од старт вториот, по 30 години од сега ниту пари ниту столб ќе се види ми се чини.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12970 на: 12 Март 2021, 12:58:16 pm »
Имаш удел во што се инвестираат твоите пари или чисто се надеваш на добивка?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6708
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12971 на: 12 Март 2021, 13:01:40 pm »
Имаш удел во што се инвестираат твоите пари или чисто се надеваш на добивка?
Одбираш процентуално, така го контролираш потенциалниот ризик.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12972 на: 12 Март 2021, 13:08:23 pm »
Мислев конкретно како група на акции или фирми во кои што би се инвестирале твоите пари? Што е различен трет столб од некој инвестициски фонд?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12973 на: 12 Март 2021, 13:15:33 pm »
Мислев конкретно како група на акции или фирми во кои што би се инвестирале твоите пари? Што е различен трет столб од некој инвестициски фонд?
Реално? Ништо. Бројките се тие.

Само во трет столб неможеш пред 54години да ги повлечеш.

Често ставаат во инвестициски, а ги префрлаат во 3т столб накај 50 години.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Што ве насмеа денес
« Одговори #12974 на: 12 Март 2021, 13:20:54 pm »
Попаметно ти е да си ги заштедиш, него на друг да му ги даваш, каков трет столб, какви лајонеси...

Јас како што го фатив од старт вториот, по 30 години од сега ниту пари ниту столб ќе се види ми се чини.
Еден поголем и подолготраен пад на вредноста на ПЕ и отиде се по ѓаволите.