Си доаѓам пред 10 минути на паркинг пред зграда, позади Собрание на еднонасочната улица. Покрај стандардните паркирани возила накосо, често се паркираат и попречно возила оставени во лер, па можеш да ги поместуваш (ко непишано правило е на паркингот)
Едно такво попречно возило беше Ауди А4ка (2.0 TDI btw

) и си поминувам покрај него. Друго косо возило си излегуваше, па си реков дека тука ќе си се паркирам.
Возачот од А4кава ја пали колава, лета накај мене, блендира, туражира, свири најгласно на целиот свет.
Излегува од Аудиво една плавуша, штиклосана таква, трча накај мене и тропа со клучот кај мене на прозор.
„Повели, што треба?“ - И викам јас
Знаеш дека 2 часа чекам јас овде да паркирам?!?!?! ЈАС ОВДЕ ЖИВЕАМ, така да знаеш, дека јас овде живеам! Не може ти од провиниција, од Прилеп да ми доаѓаш и да ми паркираш овде во недела бидејќи е бесплатно! Да знаев дека сакаш да паркираш, ќе те блокирав одма, ама касно реагирав! Мене почна смеа да ме фаќа
- Wooooooow - и викам само јас, пошо интерно ми се смееше душава.
Замина да се паркира таа и се враќа повторно накај мене, немала докажано изгледа
Да знаеш дека имаш катна гаража онаму и онаму, вие од Прилеп не смеете овде да паркирате.- Фала ти многу на информациите, имај убав ден.
Така да, девојче со SK 6233, Audi A4, тоа што имаш такво возило и таков изглед те направи уште поголема селјанка при такво однесување. Чувајте се клабери, и не се нервирајте
