И јас ги забележувам дека се напнати во сообраќај кога ќе видат прилепски нескопски таблици, дури и најмала прилика ја користат да свират и да се упикуваат, демек не знаеш да го возиш Скопје штом си од провинција.
Така омилени ми се кога пробуваат да се пикаат со нелегални/агресивни маневри на [прво стара Цитроен Ксара, сега на] Пежо 206, особено тие со понови коли. Порано се сецкав, си викав кој ќе се расправа со записници полиции, сега мува не ме лази, малце ќе додадам гас, држам правец или малце сец во нивна насока да им текне дека тие губат.

За сите останати кои сигнализираат со жмигавци, на време, уредно, имам максимална почит и секогаш ја добиваат предноста побарана на културен начин. Ама на (што би рекле брача бугари) администраторите, само во иста мера. Тие ќе изгубат ради нелегалните маневри, мене АО ќе ми ја среди колата. Тие каско, франшизи или во најлош случај од џеб ќе треба да покриваат.