Барав нешто на гугл, дали останало од младоста... и налетав на форум кој јас и уште неколку ентузијасти-сератори го направивме, нешто налик на државата во која живееме, ама за брзо ни се потроше ентузијазмот
https://nuznik.forummk.comЗаради голема конкуренција, не успеавме да станиме познати

Ме насмеа концептот, замислата

Шала на страна, баш тој период почна да опаѓа популарноста на форумите. Замре филмскиот форум, кој имаше огромна база на рецензии за филмој, а и доста солидни филмофили се претераа таму. Замре „Улица“ , доста симпатичен форум, се негуваше андерграунд музиката, доста дешавки се организираа, свирки низ државава, пиење... и така натаму и така натаму

Многу убав момент е што еве остана по некој форум, како КарКлуб, ИТ форум... Фемина
