Ова со куќниот совет е тотален апсурд. Неколку години живеев во зграда со 40 стана во влез од кои 15тина не плаќаа за заедничка струја/чистачка и остали ствари поради што ангажираниот станбен сервис или како и да се викаше не знаеше/сакаше да наплати од истите и ни ја исклучуваа струјата неколку пати. Лифт не работи, светло нема, паѓаа луѓе по скали, па после закани со тужби и физички поврзаа диво кабел накалемен на другиот влез (многу опасно затоа што не беше предвиден трансформаторот за 2 лифта).
ШУ ПАК ЛЕНД!
Кај мене беше слично, само што кај мене во влез има 77 стана, од кој 20 не плаќаат куќен совет и се пишале социјални случаи па изврштел не им може ништо, а пола од нив работат и се со по две три коли и мотори, се собравме еден ден сите останати станари несоцијалци, од врата на врата кај сите нив, ваљда ги фати срам па почнаа да плаќаат, и колку толку се среди.
Па ни ги узурпираа гаражите, во предгаражниот простор паркираше кој стигне, на ладно да му била колата, а ние што имаме гаражи триста егзебиции требаше да правиме за да излагаме со колите, ставивме едно известување го кинеа и тераа по старо затоа што така биле навикнати, почнавме да ја клучиме влезната врата во гаража, и влезната од гаража во зграда и колите им стоеја заглавени доле, па и тоа се среди, сега е чисто средено и ако некој се симне доле одма се извинува дека е на кратко само да истовари нешто и одма излага. Имаше еден од сегашниве министри исто ја паркираше колата ама па тој ептен мангупски на влез на гаража па и ливче имаше ставено дека возилото е од влада да не се пипка, што и како се случи незнам ама и тој веќе не се паркира доле.
Во зграда имаме и Стокомак па еден куп коли се застанати како вода да ги нанела, дека нели само на две минути се, па сега тоа се мислиме како да го средиме.
И така забавно ни е... така да сегде е исти курац со зградиве...