Јас никаде не реков МВС да умрат или да ги снема наеднаш. Или дека производството на водород е без пари. Или дека е најсилно или најефикасно решение. Да се разбереме ова е мое мислење и гледиште, според тоа како се движи индустријата со производство и нови иновации и решенија. Голема е веројатноста и погрешно да ги интерпретирам/разбирам работите.
Но ако го погледне човек како целина за почеток. Долгорочно, ниедна од овие работи нема да бидат потребни. Но, ќе бидат искористени за преодниот рок кога ќе има МВС и електрични возила/водородни ќелии.
- Користи постоечка инфраструктура за полнење на резервоари. Секој ден, на бензинските на автопатиштата низ Германија додаваат нови пумпи за водород. Со други зборови, дава простор и време за сите што имаат возила со МВС со тек на време да се префрлат кон понова технологија.
- Користи постоечка инфраструктура за транспорт, постоечка инфраструктура за достава и менаџирање на истата. Камионите што носат бензин/дизел/плин, ќе носат влечат водород.
- Користи постоечка инфраструктура/метафора за полнење гориво. Истите луѓе што полнат бензин, ќе знаат да полнат и водород. За пет минути.
- Користи постоечка инфраструктура за производство на водород. Рафинериите кои дестилираат сурова нафта, ќе можат да произведуваат и водород. Најголемата суровина за производство на водород која се користи е природен гас или сурова нафта. По автоматизам, користи постоечка инфраструктура за производство и транспорт на природен гас/сурова нафта. (конкретно Нордстрим2)
Сите овие работи се индустрии/инвестиции/фабрики со голема продуктивна вредност која треба да ја снема наеднаш.
За решенијата со батериите треба да почне се од нула:
- Треба нова инфраструктура за копање, производство, транспорт за суровини за батериите за да ја задоволи денешната автоиндустрија за МВС.
- Треба нова инфраструктура за производство на батерии на исто ниво како денешната автоиндустрија за МВС.
- Треба нова инфраструктура за полнење на батерии/Станици за полнење/брзо полнење за да ја задоволи побарувачката и достапноста како постоечката инфраструктура за МВС
- Треба нова инфраструктура за дополнително производство на струја за да ја задоволи денешната автоиндустрија за МВС. (Читај нуклеарки и јаглен).