Секој политичар си има своја фраза или гаф по кој ќе остане запаметен откога ќе замине во политичката историја.
Така, Бранко Црвенковски ќе го паметиме по она ,,На 15ти септември...’’
Љубчо ќе го паметиме по неговата зачестена употреба на зборот ,,нели’’.
Стојан Андов че го паметиме по тоа што не се откажа од неговото ,,че’’.
Васил Тупурковски ќе го паметиме по неговите најави за милијардата од Тајван.
Борис Трајковски даде храбра изјава уште пред да стане претседател на Р. Македонија кога им порача на Европските лидери: ,,Ако толку се грижите за бегалците, испратете авиони на скопскиот аеродром и однесете ги во вашите земји.’’
Ѓорге Иванов: ,,Со претседателот Обама си намигнавме.’’
Зоран Ставревски: ,,Ние сме лудаци.’’
А Гордана...
