
се имам изнагледано на чистење фарови во Home Made продукција,потоа идат и кажуваат како дома немале што да прават па зеле да ги чистат фаровите,ама не испаднале добро па дрн дрн,некој со лак ги попрскал за светат,сега пред велигден имав еден Santa Fe џип,типов зел нитро разредувач

и почнал да ги чисти фаровите сам,а предходно ми се јави да закажи полирање на фаровите,арно ама му се видело скапо 600денари за двата,и тпов тријај тријај крпче и разредувач

и утрото во 08.00часот ме разбуди од спијање,кога ќе видам што ќе видам

,сепак тоа ми е работа,за три часа работа си дојдоа фаровите како нови,оставете некој што се занимава со таа работа да си го одработи своето професионално,се изначитав по форуми како сами си ги полирале фаровите и испаднале убаво,секој фар е прекриен со слој од поликарбонат,ако не знаеш што е тоа,подобро не почнувај работа околу тоа,и од кога ќе се симне тој слој,што потоа

за колку време ќе трае

,тоа се факти кои редко кој ќе ги признае,заштита на фарот после шмирглање и полирање

што е тоа

,150денари е ефтино перење ауто во перална а 600 денари скапо репарирање на фарови

,за да не дојди до заматување и пожолтување на фаровите еве еден мој бесплатен совет,избегнувајте автоперални каде што не знаете со што ви ги перат колите,четки и сунгери на фаровите никако,најбезбедно е со рака,и шампон,одвреме на време секој треба да има некаков восок дома за заштита,било кој производител е добредојден,премачкувајте ги фаровите барем еднаш месечно после перење на возилото со восок,ова важи само за нови возила со неоштетени фарови,за постари возила со оштетени фарови,матирани и пожолтени постапката е пообемна и трае два три часа
