Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Клабери, сакав да ги исполирам фаровите. Не се во многу лоша состојба, но левиот ме нервира.Бев да прашам за полирање, мајсторот рече дека фаровите претходно биле лакирани Се познава лакот, се лупи на некои места.Рече дека треба да се извади предниот браник и да се исшмирглаат од лакот, па после да се полираат. Некако многу ми е замарање да вадам цел браник...Како да средам/исполирам фарови претходно лакирани?@dame @Roci help!Предлог каде да ги средам?@NNN - Дај бројче/контакт од мајсторот што ти ги лакирал, сигурно и симнува лак?
Јас да се пофалам со искуството кое го имав во Олимпиа Моторс. Имено, фаровите на мојот Спортаж во аглите беа веќе заматени, најверојатно поради претходно лошо одржување а и поради нанесен безбоен слој лак на истите. Случајно отидов во Олимпиа да ми ги исполираат фаровите каде што и они кажаа дека има слој од лак кој почнал да се лупи. После 1 час макотрпна работа, откако го изнесоа возилото јас бев навистина изненаден како испаднаа, буквално како нови од фабрика без никакви грепки или заматеност. Е сега таму не ставаат никаква заштита, макар што тоа и не ми е толку битно бидејќи возилото е гаражирано и сам се трудам да учествувам во чистење на истото така да сигурно долго време ќе бидат така. За таа услуга ми наплатија 600 денари што е навистина ѓабе пари би рекол со оглед на резултатот. Пофалби за дечките од Олимпиа Моторс.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)