Денес го посетив
нашиот член и општиот професионалец dame со новото за мене количе, кое страдаше од пожолтени и избледени фарови, како и многу од модерните возила со фарови од поликарбонат. Си закажав термин, ме пречека dame, ја оставив колата околу 16 часот, готова беше нешто пред 18 часот.
Квалитетот како професионалец е веќе добро познат на форумов, биле членови, се вратиле (пре)задоволни. Она што јас ќе го издвојам и пофалам е односот што го има кон муштериите, и јавно да му кажам дека си има уште еден задоволен (и постојан) клиент

Да не должам многу, фаровите исполирани и заштитени со
Nanolex Si3D Headlight може да се погледнат на сликите подоле.
Пред:

Потоа:

Пред:

Потоа:

Даме ми испрати 15тина слики но постот ќе беше предолг ако ги ставев сите. На овие слики најдобро се прикажува вистинската разлика, иако во живо разликата е уште подрастична.