Автор Тема: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4  (Прочитано 13627 пати)

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« на: 13 Декември 2012, 18:29:46 pm »
Поздрав
Нов сум на форумов па се надевам дека ја отварам темава на право место.
Имам Ford Focus II od 2008 god. никогаш до сега не сум возел на плин и сега сакам да ставам. Доста работи прочитав на форумов но сеуште не ми се јасни некои работи и незнам за кој да се одлучам па затоа барам малце помош бидеќи гледам дека има луѓе кои доста се разбираат. Колку што разбрав на фокусот може да се јави проблем со check engine, стрелката за гориво да паѓа и се јавува проблем со вентилите но тоа наводно се решава со капалка. Е сега дали е тоа проблем со сите Фокуси или само со постарите бидеќи ми рекоа дека кај поновите модели после 2007 не би требало да има проблеми освен со вентилите. Околу изборот на плински уред, според тоа што можев да прочитам во скопјево има неколку сериозни фирми како Плимонт кој вградува Landi Plus Max, Макплин со Tartarini и Аутомакедонија со BRC, е со цената се сите горе доле тука некаде но што е разликата помеѓу нив. За што да се одлучам?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #1 на: 13 Декември 2012, 19:05:48 pm »
BRC ... незнам, ја не би земал од за мене познати причини, Ландирензо Омегас мислам дека е класа со Тартарини, така да бирај помеѓу овие две.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #2 на: 13 Декември 2012, 19:49:11 pm »
Мање више сите нови системи работат на исти принципи и квалитетот на овие што ги наброја е тука некаде,со тоа што јас кога би ставал ги гледал за кој систем имам повеќе техничка подршка. Според мене тоа би бил ланди затоа што на секое ќоше во државава се монтира и каде и да ти се јави проблем би можел брзо и едноставно да се реши

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #3 на: 13 Декември 2012, 20:55:57 pm »
Не е работата да се јавува проблем, битно е кога ќе се стави системот колата да оди како на бензин. Почнат ли проблемите ти се крши ќејфот за колата, така да внимателно со изборот ;)

Мој предлог ти е да си ставиш тартарини, може е малку поскап, но си вреди за парите. знам примери каде возилата со проблеми на плин, тартарини ги решавал, ни да свети чек енџин ниту да торкира или пак други уште поголеми проблеми.

Со среќа ;)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #4 на: 13 Декември 2012, 21:05:41 pm »
Најдобро би ти било да си ги контактираш Плимонт и Макплин.

Види кој од нив најубаво ке ти објасни и каков плински уред ке ти препорача за Фокусот. Прочитај си ги добрите и лошите страни за поставување на плин.
Возиш кола која и онака е оскудна на перформанси, прочитај за евентуалната загуба на сила, која е изразена кај послабите мотори. Дали има некои проблеми кои се хронични.

Види и по хрватскиве форуми, ке најдеш доста корисни информации.  Собери си првин ти инфо, и види кој од Плимонт и Макплин ке ти бидат најблску до она што ти си го замислил како соодветен плински уред за Фокусот, и шибај.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #5 на: 13 Декември 2012, 21:23:44 pm »
Абе сеа факт е дека кога тогаш некој проблем ќе се јави :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #6 на: 13 Декември 2012, 21:27:41 pm »
Баш денес го поминав 3 000-иот километар на плин...

Да чукнам во дрво, освен прештелување на плин, никакви други проблеми.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #7 на: 13 Декември 2012, 21:34:39 pm »
Мислев на проблем коа веќе ќе има бајаги километри нормално е дека си стареат компонентите и се трошат

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #8 на: 13 Декември 2012, 21:36:20 pm »
Фала за сугестиите
Но јас бидеки реков дека не се разбирам баш многу, колку што можам да заклучам најбитно кај плинските уреди се дизните, расплинјачата и контролерот, е сега дали некој знае кои се тука разликите помеѓу тартарини и ланди. А во плимонт и макплин нормално дека секој си го фали својот уред. Незнам тартаринито бил единствен на пазарот кај нас со еуро 5 норми и имал тартарини дизни, ландито бил најстабилен демек, мене тоа ништо посебно не ми знаци како на лаик. Двата се секвенционални, но дали и двата имаат статична мапа или како се вика тоа со стелувањето.

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #9 на: 13 Декември 2012, 21:37:42 pm »
Tommy каков уред имаш?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #10 на: 13 Декември 2012, 21:51:30 pm »
Сите модерни уреди имаат можност за динамичка мапа, сите уреди се еуро 5. Тоа се класични маркетинг трикови затоа и ти реков дека сите системи се горе долу исти. Одлучи си сам што највеќе те влече и нормално според џебот

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #11 на: 13 Декември 2012, 21:59:55 pm »
Tommy каков уред имаш?

Landi Renzo

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #12 на: 13 Декември 2012, 22:01:28 pm »
jas pominav 12000km na plin na seat leon 1.4 vo plimont go montirav do sea ne sum imal problem i sum prezadovolen. jas mislam vo plimont da si stavis Llandirenco Maxplus 540 evra ti e. Nemas potreba za Omegas da davas plus 300 evra istoto ke go dobies. Javi se vo plimont ke ti objasnat za motorot dali ima rizik od pojava na chek engine i za kapalkata isto dali e potrbna ili ne.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #13 на: 13 Декември 2012, 22:04:37 pm »
Za vreme na letniot period od masinskiot fakultet bev praten na praksa vo Plimont. Dodeka bev tamu od MIDA doagaa novi vozila za montiranje na plinski uredi.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #14 на: 13 Декември 2012, 22:09:33 pm »
Едно е да ти се јави проблем на 100 000км а другу е да ти свети check engine за време на тие 100 000км. На ново наместен плински системи со монтажа на тартарини проблемот го снема, а најнормално е дека ќе треба после поголема километража од ххх ххх КМ да се направи поскап сервис, тоа е факт, може ќе треба некоја мембрана, некое чистење на дизните или слично.

Муабетот ми беше да не се јавува торкирање, да не се јавува нестабилна работа, да не свети check engine итн.

Јас како што знам тартарини исполнува еуро6 норми, и има автоадаптација.

Друга работа која е многу битна според мене е штелувањето, кое кај некои системи се врши во место додека кај некои системи се врши во возење, колата не се однесува исто во место и во возење.

Јас само го споделувам своето мислење и сознание, и зборувам што сум видел...

Томи и јас да чукнам во дрво сега за сега е супер, ништо немам чепнато а имам поминато 6000км :)