Фаровите беа отидени веќе подолго време, па еве како течеше накратко процесот за нивна поправка.
Првобитна состојба:


Откако беше пробано со Turtle Headlight Restorer китот и се покажа како неуспешно бидејќи пластиките беа многу излупени, им викнав со P800, P1200, P2500 водени шмиргли по што се доби ова:

После третманот со шмиргли, ја искористив полир пастата од Turtle китот која е нанесена рачно:

Бидејќи резултатот беше таков каков што се гледа, им викнав машински со 3M Fast Cut (поточно не ми текнува која варијанта) и конечно се доби тоа што го барав:


На крај искористени восочните марамчиња од Turtle китот кои би требало да обезбедат некоја заштита. Ќе видиме колку ќе потрае.

BONUS PHOTO
@StefanovskiVirtualRacingAcademy
