Одиме понатаму:
Вчера конечно купени спиралите Eibach Pro Kit (-35 mm).
Не спиев нешто нарочито вечерта, едвај чекав да се раздени и да ги монтирам.
Прљаво ауто не е многу многу за сликање, па дојдов дома и одма го решив и тој проблем.
Од помош ми се најде внука ми која ми рече дека немало потреба да се пере цела, туку само напред и позади ама јас веќе ја имав испрано цела, ќе знам за друг пат.
Сликиве се од телефон, деновиве со Filip90 ќе посликаме така поубави сликички.
Денес поминати 40 км, разликата во споредба со фабричките е огромна. Filip90 може да потврди, бидејќи со него ги монтирав и ги свртивме по некоја кривина.
- Удобноста не е нарушена нешто значајно, за нијанса се потврди што и ми се допаѓа.
- Управувањето стана многу директно и тоа е она што највеќе ми значи, прекрасно нешто.
- Изгледот е работа на вкус, ама мене ми испадна таман и нема потреба од повеќе.
Фала на внимание и пријатно.