Се извињавам ама се смени страна, па си земав слобода да го шлапнам уште еднаш постот за да се гледаат сликите.
После печеснајсе години нешто почна да се дешава. Идеме по ред:
Се купија бандажи 15x7.5 Azev Typ A во состојбата прикажана на следниве слики:



Откако стапнаа во моја територија следеше убаво чистење:






После овој зафат се премина кон стругање на стариот лак и се дојде на фабричкиот филер. Средени се и рабовите, кај можеше со стругање, кај не - со китирање. Сликите од овој процес некако ми "загинале" па ги имам само сликано пред да ги носам на шприцање на филер.

У меѓувреме купени се следниве работи:

- Епоксиден прајмер Max Meyer
- База Standox, нијанса - Honda Gran Prix white
- Мат лак Max Meyer
Прснато прајмер 2-3 раце, а може и 4

:


После тоа стругање на нерамнава структура со 600 водена шмиргла со што се дојде до следново: (btw поправено е и дупчето од сликава

)
И фарбање со база:

Врз базата нанесени 2 раце мат лак.
Денес кога ги видов свршив, резултатот е овој:



Да засуши едно 2-3 дена, па ќе се облечат со Michelin Pilot Sport 3 во димензија 195/50R15:

И то е то. Ги чекам уште спиралите без кои зафатов би бил гуски у магла.
