Епа со што не се согласуваш, освен со на Дени постот кој беше заебанција ама не си го доживеал така?

Јас се согласувам со тебе дека голем дел пуштаат нозе повеќе од должина на чергата, и тоа колку и да е честа појава, за мене не е нормална. Макар и 99% живееле така. Јас само напишав дека ако сите ајфон 5ки се продале не значи дека народот не е сиромашен, туку како што ти викаш ги пушта нозете далеку повеќе од чергата.
А нормално е ти да имаш добар и скап компјутер, и секогаш да си во тек лаптопите, тоа ти е алатка за работа и ти тие пари што ќе ги вложиш ги вадиш или мислиш дека ќе ги извадиш.
Но на пример не е нормално јас секоја година да купувам лаптоп од 1000 евра дека ланскиот веќе е демоде, а работам како шанкер во кафич, или правник во фирма, имам месечни примања од 300 евра и лаптопот ми служи за сурфање и игрици.
Исто така нормално е некој да вози и поскапа кола од тоа што можда може да си го дозволи во моментот, ама ако колата му носи пари. Ако патува на службени патувања со неа. А не ако ја користи за на кафе секој ден и за до Охрид и Грција 3 пати во годината.
И последно, разбирам некој да има пасија, мерак, хоби да му е некоја област па од мерак да си купува и поскапи и секогаш нови работи. Ама ако немаш пари не може мерак да си правиш и со коли кои не ти требаат, и со најнови телефони и со саати и со шетање и со незнам што петнаесто

Еве и Сузуки убав пример даде, земал кредит кој не знае како да го врати и со тие пари купил нов скап телефон. Па зашто бе?
