GM повикува во сервис 778.562 примероци од Кобалт. Се јавува проблем каде што во возење може колата да се префрли во Off, односно да се исклучи. До сега се потврдени 6 смртни случаи.
Првиот Cobalt беше правен врз Delta платформата на GM (Astra H), а новиот е правен врз Gamma II платформата (Aveo, Corsa C). Интересно, GM повикува (да, подобро е да се каже повикува наместо повлекува) во сервис возила само во САД, Канада и Мексико. Да се надеваме дека ова стварно не се случува и во европските возила.