Секоја година различни компании и агенции спроведуваат истражувања, според кои се одредуваат најсигурните користени автомобили. Една од најмеродавните секако е онаа на J.D. Power, но на американска почва, а не со помал рејтинг, која има големо влијание во Европа, е онаа од британското издание What Car? и осигурителната компанија Warranty Direct.
Рејтингот е составен врз основа на посебен индекс добиен од пријавени оштети, просечната цена на поправка и времето изгубено за престој на возилото во сервис за отстранување на дефектот. Во истражувањето е користена статистика земена од 50.000 возила. Вредно е да се напомене листа на најсигурни марки и модели на автомобили ја составуваат специјалистите од Warranty Direct. Во оваа листа годинава се најдоа 38 производители, а предметните возила се на старост од три до осум години.
Првото место во рангирањето на Warranty Direct го освои јапонската компанија Honda. Интересно е дека токму Honda е фирмата која е најдобра во ова истражување осма година по ред. Малку изненадувачки, но на второ место се пласира уште една јапонска компанија - Suzuki. Третата позиција е доделена за Корејците од Hyundai, а десетката се дополнува со Subaru, Toyota, Lexus, Chevrolet, Mitsubishi, Ford и Mazda.
На Warranty Direct листата за најсигурен модел лидерската позиција ја делат два автомобили - Mitsubishi Lancer и Opel/Vauxhall Agila. Останатите осум модели кои го дополнуваат топ 10 се: Citroen C1, Mazda MX-5, Suzuki Alto, Honda Jazz, Ford Fiesta, Toyota Aygo, Honda HR-V и Volkswagen Fox.
LosiPatista