Toyota повлече 1,7 милиони возила поради неисправни воздушни перничиња
Најновото повлекување кое се случи на 11-ти април, само покажува дека нема крај на проблемите со кои се соочува јапонскиот производител, во поглед на безбедноста на своите автомобили...
Според изјавите, станува збор за неисправни воздушни перничиња, кои во автомобилите на Toyota, биле инсталирани од страна на јапонската компанија Takata.
Пред неколку дена беше објавено дека проблемот бил лоциран во системот за надувување на совозачкото воздушно перниче, грешка направена за време на производството на перничињата.
Ова е трет пат годинава како Toyota повлекува свои возила поради технички проблеми. Поточно, на крајот од јануари јапонскиот производител најави повлекување на околу еден милион автомобили поради дефекти на контролната функција кај безбедносните перничиња, поради што можеше да се случи истите се активираат неочекувано.
Во јануари беа повлечени и 270.000 Lexus IS автомобили поради проблеми со шофершајбната, а во текот на истиот месец, Toyota во своите сервис центри повика и сопственици на шеснаесет модели на автомобили кои имале неправилност со калибрацијата на совозачкото воздушно перниче.
Уште поголема забуна меѓу сопствениците предизвика и официјалното соопштение од јапонското министерство за транспорт, од каде што најавија дека производителот ќе повлече вкупно 2,920.000 возила, наспроти 1,73 милиони кои ги најавија претставниците на Toyota.
Портпаролот на производителот рече дека 320.000 од дефектните возила се лоцирани во Јапонија, 580.000 во Северна Америка, 490.000 во Европа и 340.000 на други места во светот.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3735