Toyota втора година по ред ја добива од секого посакуваната Златната награда на германскиот завод TUV благодарејќи на исклучителните резултати остварени во нивниот извештај за 2012 година.
Имено во најновиот извештај на оваа водечка германска агенција за техничко истражување, 18 модели на Toyota распоредени во пет категории според старосна граница се најдоа меѓу најдобрите 10 според TUV.
Лидер меѓу најмладите возила со старосна граница од 2 до 3 години е Toyota Prius која покажала дефекти од само 1,9% кај испитаните примероци. Воедно резултатот покажал смалување на бројот на дефектите кај Prius за 2,2 % во однос на извештајот од 2011 година.
Во истата старосна категорија Toyota Auris го завзема второто место. Успехот на Toyota во овогодинешниот извештај не TUV не го покажува квалитетот само на одредени модели, туку го прикажува и квалитетот на хибридната технологија.
Toyota ќе продолжи со воведување на докажаната хибридна технологија во својата гама на возила, па така во иднина се повеќе модели на Toyota ќе бидат задвижувани од хибридни системи.
„Златото на TUV за нас е признание дека на нашите купувачи им нудиме возила со највисок квалитет и со највисоко ниво на доверливост,” изјави претседателот на германската филијала на Toyota, Тошиаки Јасуда по доделувањето на наградата.
http://www.vozi.com.mk/vesti/toyota-e-lider-po-prashanje-na-kvalitet.html