Втора година по ред Hyundai застанува на прво место во извештајот на магазинот Auto Bild. Во својот Qualitatsreport 2011 германците наведуваат дека Hyundai повторно ја заслужува титула.

Резултатите од извештајот јасно велат дека Hyundai е подобар од останатите автомобилски марки кои беа дел од истражувањето и уште еднаш ја оправдува довербата на своите клиенти.
Критериумите според кои оценува Auto Bild ги наведовме минатата година, но да се потсетиме:
1. Извештај на GFK – Gessellschaft fur Konsumforschung
Репрезентативен извештај за квалитет креиран од Германскиот завод за истражување на потреби на клиенти кој е заснован врз анкета на 9278 возачи на кои им е поставено клучното прашање: Како го оценувате квалитетот на марката на возилото што го поседувате од 1 до 10?
2. Гаранција
Кои се условите за гаранција кои ги даваат производителите и каква заштита имаат возачите доколку има проблем со технологијата. Тука се наведува дека азиските производители имаат апсолутна предност во однос на европските.
3. Сервис
Какви проблеми имало возилото? Колку возила имале ист проблем? Дали производителот одговорил? Дали клиентот бил третиран фер? Дали производителот бил транспарентен и имал разбирање при решавањето на проблемот. Дали спровел сервисна кампања кога имало потреба?
4. Тест на издрживост
Тестот го спроведува Auto Bild на 100.000 km и на крај го расклопува возилото до последен дел и ја оценува комплетната состјба на деловите.
5. Поплаки од читатели
Број на поплаки кои ги одбива Auto Bild, (околу 11.000 писма годишно) од читатели за проблеми со возилото, а главни теми се дефекти и проблеми со сервисот.
6. Оценка на Dekra
Германската организација Dekra која врши технички прегледи и дава експертско мислење за квалитетот на работата се води според критериумите: Колку дефекти имало на возилата со што се оценува квалитетот и дали сервисниот план е спорведен во целост со што се оценува работата на сервисот.
7. Извештај на TUV
Реномираниот TUV дава извештај за техничката исправност и состојбата на возилата кој доаѓа како резултат од техничкиот преглед на 7,5 милиони возила во кого се опфатени проверка на: сопирачки, управување, подвозје, шасија, светлосни уреди.
Подолу се резултатите од извештајот на Auto Bild за најдобрите 20 марки.
