http://www.time.mk/read/bcaf4ebc29/fa34f4f4bc/index.html
Од техничките прегледи се очекува да бидат исполнети соодветни барања кои никаде не се така строги како во Германија. "Technischer Uberwachungsverei (TUV)" е страв и трепет за германските производители чиишто извештаи од година на година со нетрпение ги очекуваат.
По три години од неговото купување, автомобилот оди на дијагностички третман кај техничарите на "TUV". Доколку ги задоволи строгите критериуми, следниот третман се договара да биде за две години и понатаму се додека автомобилот добива преодна оцена.
Ако автомобилот не ги задоволи условите, му се дава уште една шанса после која ако уште еднаш не ги задоволи условите – нема враќање на автомобилот на германските улици.
Извештајот на "TUV" за 2012 година ќе биде објавен за неколку денови, но резултатите на најдобрите и најлошите автомобили кои се стари три и десет години, веќе се најдоа на интернет.
"TUV" во периодот од јули 2010 година до јуни 2011 година испитал 7,779,312 автомобили, па погледнете ги резултатите во продолжение, со тоа што процентот го покажува бројот на автомобили кои не го поминале првиот тест.

Автомобили стари три години кои вредат:
1 TOYOTA PRIUS 1.9%
2 TOYOTA AURIS 2.6%
2 MAZDA 2 2.6%
4 PORSCHE BOXSTER/CAYMAN 2.8%
4 VW GOLF PLUS 2.8%
6 FORD FUSION 3.0%
7 TOYOTA COROLLA VERSO 3.1%
8 MAZDA 3 3.2%
9 OPEL AGILA 3.3%
10 SUZUKI SX4 3.3%...........
Автомобили стари три години кои не вредат:
118 KIA SORENTO 9.2%
119 PEUGEOT 407 9.4%
119 ALFA ROMEO 159 9.4%
121 CITROEN C4 9.5%
122 HYUNDAI ATOS 10.0%
123 HYUNDAI SANTA FE 10.1%
124 CITROEN C5 11.5%
125 FIAT PANDA 11.6%
126 RENAULT ESPACE 12.2%
127 DACIA LOGAN 12.5%