Пресно од вчера:
-7 пати во сервис или вкупно 60 дена.
-колата почнала да го остава на пат, влечна служба на помош
-моторот воопшто не пали
-мењачот се заглавува во една брзина
Досега (до 7миот сервис) сменето:
-соленоид за темепратура на антифриз
-десна брава
-микро прекидач на врата
-мотор за електричен прозор
-механизам за електрилниот прозор на врата
-уземјување на електрика
-сирена
-вентил на резервоар
-централно заклучување на врата
-сензор за брегаста ++
-R/R сензор
-филтер за воздух
-звучник на врата
-нови кабли за електриката
-ново појачало
-нашле соголени жици во електриката
Вели дека не знае зошто ја смениле свирката затоа што тоа било единственото нешто што работело на колата.
Со последниот сервис заврше на 15.04.2015 во Порше биле сигурни дека колата ќе биде целосно исправна. Но наместо тоа добил нови 'опции', како што ги нарекува:
-влегува вода во колата
-пластичниот панел под десната фиока паѓа самиот
-сите можни грешки на патниот компјутер
Колата ќе оди под преса, односно ќе ја купи некој друг среќник. Порше не сака да му ги врати парите, туку само одреден дел, и му се заканува да ја прифати таа понуда. Ќе има законска завршница следните денови/месеци. Сопственикот ќе прави видеа додека не се реши неговиот проблем.
Најинтересниот момент од се е што во Порше му велат дека тој е единствен со проблеми. Најголема лага што може некој трговец да ја каже. Лагата што секогаш ја слушам кога враќам/сервисирам дефектен производ.