Според истражувањето што го направи германскиот автомобилски клуб ADAC дојдено е до заклучок дека германците ги сакаат јапонските автомобили, а тука предничат марките Lexus и Subaru.
Според годинешната класификација на задоволство на клиентите од марките на автомобили ADAC дојде до интересни заклучоци. На испитани 47.000 сопственици на нови автомобили устанувено е дека најзадоволни се сопствениците на Lexus.
Веднаш до Lexus се наоѓаат сопствениците на Subaru, a на трето место се оние на Jaguar. Следуваат соствениците на Honda, a единствената германска марка меѓу првите пет е Porsche која стои на петото место.
Од останатите домашни марки најдобар е BMW на десетото место, следат Audi на петнаесетото место, Mercedes на деветнаесетото место, Volkswagen на дваесет и осмото место и Opel на дваесет и деветото место.
Подолу е класификацијата на ADAC. Во првата колона се наоѓа марката на автомобили и позицијата, во втората колона е испишан бројот на анкетираните, во третата е прикажан рејтингот на марката и класификацијата спрема минатата година, во четвртата колона е задоволството од автомобилот и во петата колона е задоволството од сервисната мрежа на марката.
http://vozi.com.mk/panorama/germancite-se-najzadovolni-od-japoncite.html