Профф, ова претежно се работи на турбини со променлива геометрија, каде заради гареж од издувните гасови доаѓа до блокирање на крилцата на системот за менување на геометријата.Твојата турбина не е таква и не страда толку често како турбините со променлива геометрија.Единствено што би можело да се исчисти е вентилот , клапната за регулација на турбината, на кој може да се насобере гареж и да не заптива добро.