Темава ја отвараме и тоа со резиме за 100.000 км. дружба. Стара е точно 5 години и 3 месеци. Ми падна во раце непланирано од аспект на марка на кола. На памет ми се вртеа триста други, скоро година дена. И еден ден како што реков пред 5 години, имав нарачано пици од Енрико, трбаше да чекам 20 минути а не седнав внатре туку реков ај ќе свртам еден круг со кола и таман до Мото Јове ќе одам да договорам моторчето да го оставам да ми го среди за следна сезона. Ама Јове не работеше па викам ај ќе утепам време по салониве... и онака барав кола. И влегов во Аутомобиле, беше изложена мојава, влегов внатре и за чудо не барав мани. Некако ми беше сеедно дали има или нема. Ми беше убаво внатре да седам. Се вратив дома, не ја заборавив, разгледав по интернет некои слики и наредниот ден ја купив.
А мани има. Итоа за нас овде на форумов веројатно такви што не проаѓаат лесно.
Прво и основно би кажал не е fun to drive или на нашки речено возачки орентирана. Од личен аспект, ми фали малку подобро, прецизно управување и директен волан.
Менувачот е ужас. Долг од на палката. Непрецизен во брзо менување. На окулу 50.000 иљади почна да зуе нешто од него па беше установено дека некој лагер е зезнат па ги сменив сите, за жал надвор од гаранција (Ова чув дека било маана на менувачов кој патем не бил фиат/ланчија него опел???). Посакувам шестата брзина да беше малку подолга. Можеби и потрошувачката на аутопат ќе беше помала.
Подвозјето е солидно, добро,доста тврдо, во комбинација со Q2 диференцијалот добро држи во кривини но и покрај тоа за овие 5 години не успеа да ми го долови чувството што го имам например со Маздата. (Мазда 6). На сервисот што го правев сега брзо, беше проверено се, и ништо не му фали. Нити па има некакви додатни тропкања и звуци. Новиве гуми Michelin Pilot Sport 3 се досега најдобрите што ги имам ставено и се четврт сет до сега. Без зимските.

Моторот е одличен. 1.4 T-Jet 150 кс. и 206Nm на 2200 вртежи. Како бројки одлично а во пракса уште повеќе. Просечната потрошувачка мене ми е задоволителна и е негде 8. Во град на моменти и помалку, на автопат секогаш повеќе. Ама не ја штедам. Иако е еластичен од ниски вртежи, влече подеднакво до скоро 6000, понекогаш си викам е заеби турбо 1.4 е 1.4 па што сака нека е, иако многу ретко и тоа после ситуаци каде што сум тргнал да претекнувам со 6-та и четворица внатре. Ама нели секогаш бараме повеќе од тоа што имаме. Проблем со него нема. Гориво исклучиво 100 на Макпетрол и 98 на Лукоил. Масло Selenia K.P.E. 5W40 сменето 9 пати до сега и свекички NGK iridium, сменети 3 пати до сега. Дали би купил пак ист мотор? ДА! И го препорачувам.

Кај повеќето членови овде знам дека е упитен квалитетот на внатрешноста. Незнам што би кажал по ова прашање. Мене ми е ОК. Генерално материјалите се квалитетни. Барем тие што се гледаат. Има тук-там по некоја пластика што ми боде очи. Како на пример пластиката окулу ручната. Само таа ми е трн во око. Тапацирите на вратите, кокпитот и седиштата се екстра. И воланот исто така. Не се приметуваат траги од користење сеуште.



Изработката исто така е солидна. Со исклучок на некои детаљи како лајсната окулу кровот што не се спојува во линија. Сепак нема крцкање нити било какви звуци од внатрешноста. Освен сончевиот кров кога е отворен, знае да тропне.

И уште еден детал од внатрешноста за кој сите совозачи се жалат:

Генерално сум задоволен од колата и во ниеден момент не жалам заради изборот. Иако не е (од возачка гледна точка) тоа што го очекував, сепак ми прави ќеф кога ја возам. Не е секогаш се до перформансите, управливоста и т.н. Некогаш ќеф прават и луѓето кои сеуште ги приметувам дека се вртат по колата, па и девојките кои што иако не ги интересира, прво се мачат да прочитаат што пишува на логото, а по пет минути од сите го имам прашањето: Абе што кола е ова?...
Инаку пред некој ден комплетно е тргната од официјалната страна на Ланчиа со што и заврши нејзината продажба.
Жал ми е што луѓево тука, неможеа да се отргнат од предрасудите и да почнат да купуваат ланчии, зашто Ланчиа се купува не зашто е добра, but the way it looks like (Џереми Кларксон)
