Очекувано, но не и оправдано. А класата нема ниту еден разлог од основен модел да биде поскапа од Б класата. Да не збориме за оваа напукана со опрема и осушена у мотор со цена од преку 30 банки, а сите знаеме дека и конкуренцијата може добро да се бори во тој ценовен ранг и со опрема а богами и со многу поснажни агрегати, било дизел, било бензин. Баш ме занима bmw 120d со M пакет на опрема како стои ценовно во однос на овој модел. Ауди А3 2.0tdi со S-Line? Или Giulietta со 2.0mjet 170? Сите тие се околу 4-5 банки поефтини, со отприлика исто така добра опременост. Е па Мерцедес, треба да се замисли малку околу ценовната политика на моделов... Барем според мене. Да, супер е, да бев тинејџер и татко ми да беше рокфелер, ќе му кажев „многу ми се свиѓа, купи ми ја“, ама ако треба за свои пари да бирам, веројатно ќе тркнам кај конкуренцијата.