Епа бидна, ваков си земав 
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мене ми се допаѓа, ептен елегантно изгледа во живо а баш таков ми требаше.
Честитики, со здравје да си го носиш, мислам дека е добар избор. Тие што пишаа дека се оштетило ремчето, неможе ни да очекиваат да биде поинаку. Ако сакате да трае ке си земете челично ремче, едноставно е, кожното е поелегантно, ама металното е поиздржливо. Кажете ми нешто кожено што имате дома и што нема оштетувања на него а притоа да биде изложено на секојдневно потење, тегнење, вода, солена вода, сонце, ладно и се останато. Еве, јас можам да пратам слика од мојот, ремечето е мнооооогу сочувано, ама како што реков, мењам 6 часовници, така да не е секојдневно оптеретено.
Dodo овој дгугиов како ти личи за посвечени пригоди за тие пари ? Или некој друг ако има предлог, сличен на тој да биде.
Абе за тие пари, земаш што ке ти фати око. Часовникот си е ОК, секако би го одбрал пред било кој пјер карден, фосил или есприт кои се во понудата. Со тоа што кога би барал некој елегантен, најверојатно би одел на коцкаст и помасивен одколку на тенок тркалезен, нешто вакво, иако е поефтин.

Што се однесува до ЏиШок-от, според мене ниеден нивни модел не вреди 1500 евра. Колку и да изгледа добро, а изгледа, колку и да е направен од незнам какви материјали, сеуште ке биде касио. Јас ги почитувам и ги љубам нивните модели, ама не за 1500 евра, тоа е сума за која се купува бренд часовник со традиција и историја. Се слагам со брм брм, попрво би купил Омега на старо одколку ЏиШок на ново за 1500 евра. Патем како што споменав и пред неколку поста, многу ме радува што конечно добивме реални цени на часовниците, со овие константни попусти од 50%.
П.С. Еве го мојот најнов член во колекцијата, стар часовник кој татко ми го добил некаде во седумдесетите, дополнително ке утврадам од кога датира, швајцарска машина,
Cortebert, една од жртвите на кварцните часовници како Касио, која со првото навивање проработе без проблем. Го зачистив и исполирав колку можев, незнам зашто никој од саатчииве не ми се нафаќаше, само тој на плоштад го отвори и бликна од среќа што гледа нешто старо и функционално и ми рече: ништо не му прави, само навивај го секој ден и носи си го. Мене малку ми изгледа дека за да го носиш ова треба да имаш најмалку две внучиња да тршаат околу тебе, ама мене повеќе ми е до меракот, па го носев неколкупати.

Edit: Пред некое време ме падна идеја да си земам
вакво нешто, баш би било кул, мислам онака, ефтино е, ретро е, интересно е.
Edit 2: @Filip_90 Ако си расположен да дадеш нешто плус, би те советувал да тркнеш до кај Омега во чаршија, дечкото е топ, има добри понуди, па мислам дека за некоја иљадарка плус ке се решиш за некој Сеико. Јас зедов Сеико автоматик за нешто околу 11К. Повторувам, автоматик!