Акрилно се полира со Polywatch, тоа со паста за заби може да заврши многу лошо. Поливоч ја загрева површината и со триење со крпчето се симнува површински слој. Ако пастата за заби е со ганули може да заебеш работа.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Одамна сакам да си зеам, ти од каде нарачуваш? И по која цена?
Инаку за помали гребаници паста за заби си функционира, нормално не таква со гранули. Посебно за евтини часовници (како оној ноунејм дигиталниот од некој пост погоре), никој нема да се замара да нарачува Поливоч. А малку паста за заби, крпче, и малку труд, ќе го направи да изгледа милион пати подобро.

Инаку не би рекол дека минерално е подобро од акрилно, и двете имаат предности и маани. Минерално е многу поцврсто од акрилно, акрилното се гребе многу лесно, ама па и лесно се полира. Минералното тешко се гребе, ама ако се гребне тоа е трајно.
Лични преференци. За мене секогаш е подобро ако со малку труд можам да го „светнам“ стаклото, отколку помалку да се гребе а да не можам (лесно) да го средам. А ќе се изгребе и во двата случаи, ако се носи саатот секако ќе има гребаници, не може да не се изгребе.
Плус забораваме и на една друга важна работа, акрилот е многу поеластичен и потешко се крши при поголеми удари. Минерално стакло е малтене класично стакло, круто е и лесно се крши... Сите работи кога ќе ги соберам, за мене акрилно стакло е прв избор (освен во исклучителни ситуации, „дрес“ часовници кои се носат само во одредени прилики и на кои сафирно стакло е таман).