Генерално, верувам во принципот на овластени сервиси. Ова сме го верглале многу пати, ама се сведува на една единствена работа - одговорност. Овластениот сервис има одговорност да ја заврши работата како што треба, и понатаму да стои зад направеното. Маалски мајстори (колку и да се добри, и не би се дрзнал да оспорувам нечиј квалитет) и (скраја да е) пазарски тезги ја немаат таа одговорност.
Без разлика колку пари сум го платил саатот, едноставно сум мераклија на саати и сакам саатите да ми работат како што треба. Не ми прави разлика дали еднаш во 2-3 години ќе дадам 100 или 300 денари за батерија, дури и не ми прави (толку многу) разлика колку ќе трае батеријата - сакам да е правилно сменета, со правилен алат и со правилна батерија. As simple as that.
Плус, да не праиме муабет колкави инвестиции се потребни и колку трошоци се направени за правилна обука на кадар, набавка на соодветен алат, итн, итн, итн. Соодветно на тоа, оправдана ми е и повисоката цена на саатот (во некои нормални граници, нели) и повисоката цена на батеријата.
Знам за пар луѓе што купиле Касио (од проверена продавница) и што наебале со сумњиви батерии бидејќи им било скапо да ја сменат батеријата во официјален сервис.. Праиме муабет тука за протечени батерии, неправилно наместени, неправилно затворени (па влегло вода), итн..