Не ми врти муабет бош муабет, кога ќе отиде батеријата, гаранцијата ќе биде завршена 99.9%.
Кажи какви заебанции има?
За батерија да ми смени некој и цена бајаги поголема од реалната бидејќи имал дуќан не фала.
За батерија не треба стручност, туку соодветно алатче за отварање и добро да се затвори поклопецот.
Кога се работи за поправка тогаш треба прав часовничар и тука треба да се поштува професионалноста и стручноста.
Не си видел што се случува затоа коментираш.
Пред недела дена, еден дечко исто, абе шо ќе носам кај саатчија сам ќе си сменам батерија на Tissot.
Постар модел беше саатот, со дисплејче внатре и сказалки.
Го бараше типот на батерија на Интернет, едвај го најде саатот и не најде баш прецизна информација.
Го отвори саатот, ја зеде батеријата со него и отиде да бара.
Не можеше да најде баш таква туку ептен слична. Значи ист модел на батерија, но малку различен под модел. На голо око нема шанси да кажеш дека е различна ама за многу мала нијанса повисока (да речеме четврт милиметар).
Ја стави во саатот, клапна на лежиште, го зеде задниот капак,...го стави...го сврти саатот...парче дисплејот (БУКВАЛНО). Имам и слики ако сакаш ќе ти покажам.
На самиот капак за батеријата има една испакнатина која прави притисок. Малку повисока батерија, го помести механизмот ...good bye!