Решив во Колтот да ставам звучна изолациja. По мало истражување најдов материјал кој се користи за звучна изолација во други области.
Материјалот е самолеплив и навистина лесно се поставува. Работата одеше релативно лесно меѓутоа студот во коски ми влезе.
Разликата пред и по звучната изолација е огромна. Задниот дел од возилото немаше никаква изолација и навистина беше бучно. Според некои мерења кои ги направив со аматерски програмчиња на телефон разликата при иста брзина пред и по звучното изолирање е некои 6-8 децибели. Мене ова мерење не ми значи многу т.е. не ми значи ништо заради тоа што не ми се битни бројки туку чувството кое го добив со изолацијава. Значително е намален звукот кој се слуша од гумите при возење како и звукот при преминување преку дупки нерамнини и слично.
Материјалот кој што го користев можам да кажам дека одлично се прилагодува по кривините на металот и навистина лесто се обликува.
Наредниот викенд следуваат вратите, предните поткрила, хаубата, стубовите, прагчињата и лимот под задната клупа. До сега за задниот дел потрошив околу 2.5 квадрати изолација, мислев дека помалце ќе биде потребно меѓутоа правев доста преклопи и навистина не штедев зашто немам намера 100 пати да отварам и да дотурам.
Еве неколку сликички од целиот процес до сега:
Багажната врата без пластиката:
Пластичниот поклопец од багажната врата, без грам изолација на него:
Багажниот простор по вадење на тепихот, резервната гума и другите тракатанци:
Извадени и тапацирите на поткрилата, нула изолација:
Залепена изолација на поткрилата и багажникот: