Автор Тема: Зимска сезона 2012/2013  (Прочитано 9811 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Зимска сезона 2012/2013
« на: 14 Ноември 2012, 12:29:15 pm »
Од денеска стартува задолжително носење на зимска опрема во возилата, кое ќе важи од 15 ноември, па се до 15 март в година



Полицијата ќе ги казнува сите кои ќе ги затекне без ланци за гумите и останата опрема со казната е 15 евра.

Под зимска опрема се подразибраат зимски пневматици на сите 4 тркала или пак соодветни синџири за движење во зимски услови. За товарните возила, покрај зимските пневматици задолжителни се и синџирите но и лопата за снег.

Покрај казната полицаецот има право да забрани и да се продолжи со возењето без зимска опрема.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=10612

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #1 на: 14 Ноември 2012, 12:47:33 pm »
Значи од утре, не од денеска :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #2 на: 14 Ноември 2012, 12:51:10 pm »
Пoкрај казната полицаецот има право да забрани и да се продолжи со возењето без зимска опрема.

Ќе ми се фати... му учукам едно нунчаки у глаа ќе му кажам....

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #3 на: 14 Ноември 2012, 12:54:02 pm »
Какви идиоти од новинари......

1. Полицијата не смее да те казни ако си без ланци, туку смее да те казни ако немаш зимска опрема пропишана со правилникот.
2. Полицијата нема да ги казнува сите кои ќе ги затекне, туку само оние кои немаат зимска опрема надвор од населено место.
3. Ко` што кажа marjanot, не од денес, туку од утре.

Повеќе грешки од реченици напишано....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #4 на: 14 Ноември 2012, 12:58:35 pm »
Прашања:
Дали морам да имам ланци во кола ?
Дали за на планина ми требаат ланци, покрај тоа што имам 4 зимски гуми?
Дали за на отворен пат (автопат) ми тебаат ланци да имам?

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #5 на: 14 Ноември 2012, 13:00:34 pm »
1. НЕ, ако имаш зимски гуми.
2. НЕ, ама носи за секој случај.
3. Види број 1.

:D
New blood of old school

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #6 на: 14 Ноември 2012, 13:06:20 pm »
Ова е одамна, ама сеуште важи само место 2011 стави 2013:
Цитат: AMSM
4.11.2011 09:23:48
Од 15 ноември 2011 годинa стапува во сила законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема на моторните возилата, кога учествуваат во сообраќајот на пат надвор од населено место. Ви пренесуваме извадоци од законските прописи кои се однесуваат на зимската опрема : Според Членот 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 03.05.2007 год. : (1) Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќајот на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. (2) Униформираниот полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема, согласно со ставот (1) од овој член, (3) Униформиран полициски службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. (4) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Според Правилнкот за задолжителна опрема во возилото од 03.03.2010, по зимска опрема се подразбира : 1.9 Зимска опрема Член 11 (1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира: - зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm. - пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. (2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира: - зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm. - пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. (3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm. - пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и - прирачен алат – лопата. (4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. (5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #7 на: 14 Ноември 2012, 13:50:05 pm »
Супер, значи не ми требаат ланци. Јееее

А дали има места во Мк, каде МОРА да имаш + ланци?
На пример, Маврово, Пелистер, Шапка... ?

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #8 на: 14 Ноември 2012, 13:52:24 pm »
Абе не мораш. Ама ако идеш натака не се заебавај и земи си. Да него јадеш недај боже, опасни предели се тие за зимно време без ланци.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #9 на: 14 Ноември 2012, 13:57:30 pm »
Ни ланци не помагаат ако отидеш во длабок снег. Кога патосот ќе ти слета врз снег тогаш само гасеници те спасуваат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #10 на: 14 Ноември 2012, 13:58:29 pm »
Dobar test bi bil edno vozilo da proba da iskaci ugornica so

1. zimski gumi
2. zimski gumi+lanci

Znaci se vozi so zimskite gumi dodeka ne se najde ugornica sto ne moze da se sovlada. Potoa se instaliraat lancite i se probuva ugornicata povtorno. Bas me interesira dali lancite se poefektivni od zimskite gumi.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #11 на: 14 Ноември 2012, 13:59:15 pm »
Поефективни се. Проверено.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #12 на: 14 Ноември 2012, 14:00:12 pm »
Ваљда не си сериозен. Па јас сум имал ваков тест 100 пати. И со ланци е 20 пути боље. Идеш и кога веќе неможеш инсталираш ланци и продужуваш.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #13 на: 14 Ноември 2012, 14:15:00 pm »
Mnogu sum seriozen, dosega ne sum instaliral lanci bidejki zimskite gumi mi bile dovolni. Koga sum odel na planinski pat redovno sum bil pobrz od vozilata so lanec, koi se dvizat so mala brzina. Nemam videno lanci na delo, i neznam dali navistina funkcionioraat.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Зимска сезона 2012/2013
« Одговори #14 на: 14 Ноември 2012, 14:21:34 pm »
Ја ти викам едно ако не 100 пати 50 сигурно сум ставал ради немоќноста на гумата. Значи заглавува колава во место, неможе веќе да иде, искачам ставам ланци и продужувам.