Дали некој знае точно да ми каже како се довиваат казните за брзо возење кај нас? Ме интересира како е поделбата по кмч, по 10кмч? Јас мислам дека е по 10кмч ама не сум сигурен, значи од муабети само. Знае некој за сигурно да ми каже? Колку е цената на казните?
Прекорачување до 10кмч?
Прекорачување меѓу 10-20кмч?
Прекорачување меѓу 20-30кмч?
Прекорачување над 30кмч?
- Неупотребување на сигурносен појас ............................20 евра или 10 негативни бодови
- Непрописно паркирање ............................45 евра или 25 негативни бодови
- Брзо возење 30-50 км на час над дозволено надвор од населено место или 10-30 км на час над дозволено во населено место ........................... 45 евра или 25 негативни бодови
- Непропуштање пешаци на пешачки премин ................ 35 евра или 20 негативни бодови
- Прскање на пешаци .......................... 35 евра или 20 негативни бодови
- Возење цик-цак ........................... 45 евра или 25 негативни бодови
- Пролизгување на погонски тркала ...............................45 евра или 25 негативни бодови
- Нагло запирање без потреба ............................ 25 евра или 15 негативни бодови
- Возење лице под дејство на алкохол или дрога ........... 45 евра или 25 негативни бодови
За сторени прекршоци за кои е предвидена глоба до 45 евра ако во определен рок не се плати глобата се впишуваат негативни бодови
За сторени прекршоци за кои е предвидена глоба до 500 евра ако сторителот самоиницијативно ја плати глобата добива бонус односно плаќа половина од глобата
Возачката дозвола се одзема со добиени 100 негативни бода добиени во последните 3 години
е сега за над тие 30км/х од дозволеното, не најдов колку е казната, ама сигурно изгор ќе биди...