Автор Тема: Колку глоби плативте досега?  (Прочитано 17413 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Колку глоби плативте досега?
« на: 15 Април 2011, 06:59:13 am »
Знаете за што се работи, секој активен шофер кај нас барем еднаш се нашол во оваа ситуација.

Јас досега платив една, од 150 Е, ме упеца Републичка кај Демир Капија, со 135 км, каде што било дозволено 80 км ...
Стварно не го видов знакот, ама не вредеше ...

Имам уште една во процес, таа е во Куманово, чекам да ми стигне преку суд, па ке се расправам, тргнав од дома за накај банка, да извадам пари, имав некои 15-тина минути да стигнам пред да се затвори банката, и ме упецаа со 78 km, на место каде е дозволено 40.

Па повелете, споделете доживувања ...

О, и не сум сигурен за една од кај Континентал, ги поминав камерите со некој 80, не блицна камерата, ама нема да ме чуди и таа да ми ја накачат на грб ...
« Последно менување: 15 Април 2011, 07:09:23 am Tommy »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29789
    • CARclub.mk
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #1 на: 15 Април 2011, 08:17:42 am »
Ух.. досега го имам потпомогнато буџетот со неколку казни..

- 150 еур во Кичево.
- 45 еур на Бул. Словенија, во 3 саат сабајле. Мислам дека ме запреа за да не заспијат.
- 45 еур на Партизанска, во недела на пладне.
- 30 (мислам) еур на Иво Рибар Лола, за неносење кацига на скутер.
- 50 еур за пајак што ми ја собра колата.

Мислам дека тоа е тоа..

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #2 на: 15 Април 2011, 08:21:00 am »
О, и не сум сигурен за една од кај Континентал, ги поминав камерите со некој 80, не блицна камерата, ама нема да ме чуди и таа да ми ја накачат на грб ...

Чекај сакаш да кажеш дека камерите кај континентал блицкаат и ќе стигаат казни на домашна адреса.Па ако е така јас скоро секој ден поминувам од таму и редовно возам +- 80-90. Ако стигнат сите казни од таму, и колата да ја шитнам нема да ми стигнат пари да ги платам.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #3 на: 15 Април 2011, 08:27:27 am »
^ e ме утеши колку толку ... :D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #4 на: 15 Април 2011, 08:33:22 am »
Абе он тебе те утеши ама кој ќе го утеши него, а и мене, и јас таму поминувам многу брзо ама мислам дека не сликаат или снимаат уште тоа камерите.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #5 на: 15 Април 2011, 08:54:29 am »
Не знам, ми спомнаа дека се заради тоа, а дали се функционални, ке мора да се распрашаме ...

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1817
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #6 на: 15 Април 2011, 10:45:51 am »
Бонус се добива ако фатиш три или повеќе камери во редослед со брзина над пропишаната, колку поголема брзина поголем бонус. Да видиме кој ќе собере највеќе :)
« Последно менување: 15 Април 2011, 10:49:49 am Schmitt »
Never drive faster than your Angels can fly.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6919
  • French diamond
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #7 на: 15 Април 2011, 13:39:39 pm »
досега во 1 годишно искуство со Б категорија ме немат ни застанато џандари во бт, ама зато со веспата имам платено 300евреј за возачка и сега пред 2 недели ме пишаја за кацига... ццц

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #8 на: 15 Април 2011, 13:53:41 pm »
150Е Кичево-дупла пуна;
150E Тетово-Гостивар-50км/h над дозволената брзина;
  50E Кичево-недозволено паркирање;
  50E Скопје-неносење каиш;
  50Е Неготино-недозволено паркирање
Сума сумарум 450Е-или едни добри бандажи !
сето тоа со службено возило за службени потреби,а платено од свој џеб :(

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #9 на: 15 Април 2011, 14:03:46 pm »
Знаеш како викаат, возилото е службено не ти.

Војно возило со црвено плаво и со сирена си попи возачот казна зошто не пушти пешак на партизанска.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #10 на: 15 Април 2011, 14:11:12 pm »
досега 0 денари, да не се заречам само :) инаку имам 10-тина опомени за брзо возење ама убавиот збор железни врати отвора, секогаш сум се вадел на финоча :)

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #11 на: 15 Април 2011, 14:16:25 pm »
досега 0 денари, да не се заречам само :) инаку имам 10-тина опомени за брзо возење ама убавиот збор железни врати отвора, секогаш сум се вадел на финоча :)


Сеа ќе те видам, со 125 коња под дупето ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #12 на: 15 Април 2011, 14:27:53 pm »
-за прекорачување 61кмч над дозволеното на отворено.
-за прекорачување 121кмч над дозволеното во град.


Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #13 на: 15 Април 2011, 15:05:38 pm »
досега 0 денари, да не се заречам само :) инаку имам 10-тина опомени за брзо возење ама убавиот збор железни врати отвора, секогаш сум се вадел на финоча :)


Сеа ќе те видам, со 125 коња под дупето ;)

Ќејфот кошта :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Колку глоби плативте досега?
« Одговори #14 на: 15 Април 2011, 15:17:05 pm »
Знаеш како викаат, возилото е службено не ти.

Војно возило со црвено плаво и со сирена си попи возачот казна зошто не пушти пешак на партизанска.

Сега не ги знам новите правила, ама порано цивилна полиција немаше право да казни возач на воено возило-исклучиво воена полиција. Е сеа пошто нема ни војска, малтене, нема ни воена полиција изгледа и ингеренциите се префрлени на цивилната сообраќајна полиција. Инаку во војска бев инструктор за Ц категорија ...