Знаете за што се работи, секој активен шофер кај нас барем еднаш се нашол во оваа ситуација.
Јас досега платив една, од 150 Е, ме упеца Републичка кај Демир Капија, со 135 км, каде што било дозволено 80 км ...
Стварно не го видов знакот, ама не вредеше ...
Имам уште една во процес, таа е во Куманово, чекам да ми стигне преку суд, па ке се расправам, тргнав од дома за накај банка, да извадам пари, имав некои 15-тина минути да стигнам пред да се затвори банката, и ме упецаа со 78 km, на место каде е дозволено 40.
Па повелете, споделете доживувања ...
О, и не сум сигурен за една од кај Континентал, ги поминав камерите со некој 80, не блицна камерата, ама нема да ме чуди и таа да ми ја накачат на грб ...