Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199917 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2625 на: 13 Ноември 2017, 13:29:20 pm »
Немам идеја, ми кажуваше ама не ми текнува. Мислам дека ми кажа инвертер 2kw за овој стан имало. Е сега дали за секој стан има посебен систем или целата зграда се грее на некој систем незнам точно. Ке прашам и ке пишам. Нема радијатори и целиот систем е вграден во плафон и ѕидови и дува топол воздух.

Знам со точност дека кажа ако се грее секој ден по 10 часа за еден месец ке се потроши 100е струја. Колку може да им се верува незнам...

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2626 на: 13 Ноември 2017, 13:35:22 pm »
Ако размислуваш за Џеваир, стави на кантар излез на улица кај што брчат мотори во 3 сабајле и ненормално загадено преку цела зима, освен ако си ептен високо.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2627 на: 13 Ноември 2017, 13:41:59 pm »
Јас за Џеваир би размислил и околу тоа на што би личела зградата за 10тина години кога можно е пола од станарите да не плаќаат за одржување.

Големи се трошоците за одржување на толкава зграда, па ако не се плаќа редовно од повеќето јебали сте јежа. Такви случаи знам дека има во Београд во оние нивните дупли кули. Во главном таму сега живее сиромаштија, не им работат лифтови, фрлаат ѓубре од 20ти спрат итн итн.

Не дека ова сигурно ќе се случи и со Џеваир, али постои како можност да се запостави зградата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2628 на: 13 Ноември 2017, 14:01:45 pm »
Котел на струја ако е 18Kw не ги троши тие константно, него само при прво вклучување додека се загрее водата а после се уклучуваат греачите по потреба за да ја одржаваат зададената температура на водата. Конкретно кај мене со Ваилант котел од 24Кw за површина од околу 95 м2 (квадратурата е одприлика, плус има загуба пошто е двоетажно) троши помеѓу4-6Kw за одржување на темп. на водата (има дигитален дисплеј и може во секое време да се види потрошувачката на ел. енергија).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2629 на: 13 Ноември 2017, 14:07:58 pm »
Значи дека побарувањата на објектот ти се околу 4-6KW. И толку е потрошњата грубо. (5kw константно е 16.200 денари месечно)

Со 4 парапетни единици од 3.5KW кои би работеле со околу 50% оптеретување потрошњата би била околу 1.6-2.2KW за да испорачаат 4-6KW топлина. Чисто како споредба за ефикасно греење. (2kw константно е 6400денари) За цела сезона разликата би била 4:1 од прилика, мене дома така ми испаѓа.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2630 на: 13 Ноември 2017, 14:09:26 pm »
Јас за Џеваир би размислил и околу тоа на што би личела зградата за 10тина години кога можно е пола од станарите да не плаќаат за одржување.

Со договор е задолжително плаќање и ако не се плаќа се вика извршител. Незнам како и колку ке функционира ова. Култура на станарите е друга проблематика.

Ако размислуваш за Џеваир, стави на кантар излез на улица кај што брчат мотори во 3 сабајле и ненормално загадено преку цела зима, освен ако си ептен високо.

Моментално сум на Иво Лола Рибар булеварот и ист проблем е со мотори и коли. Загадување е поголемо во Аеродорм, ама веројатно на 17 - 20 кат не е толку лошо. :D

Да не испадне дека ја рекламирам зградава, само споделувам мое мислење и она што ми имаат кажано од нивна страна. Се работи за сума од 65.000 и не би сакал да се заебам. Секако ви благодарам на сите за мислењата. :)

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2631 на: 13 Ноември 2017, 14:18:16 pm »
Пред 10 години и јас бев на таа дилема дали да останам во аеродром или да бидам прв во село. Се одлучив за тоа второво и земав (скоро дупло по квадратура а за
 слична цена во однос на Аеродром) стан во К.Вода н.Расадник.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2632 на: 13 Ноември 2017, 14:27:40 pm »
Пред 10 години и јас бев на таа дилема дали да останам во аеродром или да бидам прв во село. Се одлучив за тоа второво и земав (скоро дупло по квадратура а за
 слична цена во однос на Аеродром) стан во К.Вода н.Расадник.
Според мене одлично си одлучил. Наместо да се туткаш и за кратко да размислуваш за поголем стан.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2633 на: 13 Ноември 2017, 14:39:15 pm »
Ајде и јас да се вмешам малку во манџата.

Најпрво.
Споредуваш живеење во Тафталиџе и во Аеродром (џеваир).
Тука нема избор. Тафталиџе ол ин. Мада и тоа ќе го заебат како тргна со градење на високи згради на мали улици.
Размисли си за трета опција.

Второ.
Настел со цени од 1150е за м2.
Јако.
Многу јако.
Како ја оправдуваат цената? Шо има во проектот?
Чисто за споредба оние новите згради кај Електро/Машински (Голден Арт) се по 950е за м2.
Додека се градеше зградата на Голден Арт, ја пратев. Такво нешто ретко се гледа кај нас.

Трето.
Тоа со греењето не се споредува баш така.
Од кај знаеш каква изолација имаат зградите? Па колку ќе ти треба тебе да се згрееш.
Новите згради имаат опција да се стават индивидуални калолиметри по станови. Па така ќе можиш да си го гасниш парното преку ден или кога сакаш и со тоа да ја намалиш сметката.

Четврто.
Најди си трета опција. Хром е сега актуелен. Исто така и кај Сити мол има 2 згради + 1 во темели. Од кај тебе према центар сега ќе почнува нова зграда да се гради(Знам кај живејш, секој ден ти ја гледам колата :) )
Ако ти треба нешто конкретно пиши ми ќе те поврзам со газдите.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2634 на: 13 Ноември 2017, 14:54:21 pm »
Хром е актуелен, ама нема капацитет за згради. Сите што живеат во згради, немаат место за паркинг од старт, улиците се полни со коли. Струјата, вода и канализацијата не е предвидена толку народ. А премногу се гради нагло. И цените воопшто не се наивни.

Не знам колку е морално да се купи стан, ама за 65 000 може и да се најде куќа со дворче во Ѓорче

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2635 на: 13 Ноември 2017, 14:58:06 pm »
Може и погон да се отвори во Јегуновце.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2636 на: 13 Ноември 2017, 14:58:46 pm »
850е за м2 со подземна гаража за во Хром не е лоша цена.
Мислам дека и е одлична.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2637 на: 13 Ноември 2017, 15:07:07 pm »
Може и погон да се отвори во Јегуновце.

Зборевме за Хром

850е за м2 со подземна гаража за во Хром не е лоша цена.
Мислам дека и е одлична.

Ама без подрум.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2638 на: 13 Ноември 2017, 15:07:32 pm »
Ако имаш 2-3 паркинг места само за тебе, фантастично е.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #2639 на: 13 Ноември 2017, 15:09:57 pm »

Во Голден Арт кај машински е 1250е квадрат, може во изградба да била 950е. Настел ја оправдуваат цената со тоа што има кој да ги купи. Зградите им се скоро и распродадени. Тафталиџе се нагло гради и јас не најдов цена помала од 1100 тука, ако имаш информација каде може поефтино пиши контакт, нормално ако е квалитетна градбата.